Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Венецуела: Спогодба за нуклеарна енергија со Русија

Русија и Венецуела одржуваат блиски трговски односи од 2005 г.; Јужноамериканската држава има инвестирано повеќе од 4 милијарди долари во руско оружје во последните неколку години. Претседателот Хуго Чавез, кој е на службено патување низ Европа и Азија, пристигна во Русија (неговата деветта посета на оваа земја) минатиот 14-ти октомври и оствари средба со својот руски колега Дмитри Медведев. Во текот на состанокот беше потпишан „акционен план“ за различни области: финансиски сектор, јаглеводород, продажба на оружје (35 тенкови Т-72 и Т-90), земјоделство, телекомуникација, транспорт, култура и атомска енергија.

Хуго Чавез и Дмитри Медведев. Фотографија од корисникот на Flickr, Globovisión, користена под Криејтив комонс лиценца Нацеди извор-Некомерцијално 2.0

Очекувањата кои настанаа од оваа средба се поклопуваат со договор за изградба на атомска централа од 500 мегавати. Изградбата на централата би траела 10 г. Венецуела е првата латино американска држава која потпишала договор за атомска енергија со Русија.

Реакциите започнаа веднаш по објавувањето. Гласноговорникот на американскиот Државен секретаријат во Белата Куќа, Филип Краули изјави:„Ова е нешто кое ќе го следиме навистина многу внимателно.“

Корисникот на Твитер Вилијам Р. Телечеа (@twiwilliamramon) напиша:

ya los gringos empezaron a chillar porque ahora vamos a usar energia nuclear, respeten, somos un país soberano, socialista, “viva Chavez”

Сега нашите „пријателчиња“ почнаа да цимолат бидејќи сега ќе користиме нуклеарна енергија, покажете почит, ние сме самостојна и социјалистичка држава, „да живее Чавез“

Гувернерот на државата Миранда, Енрике Каприлес Радонски критикуваше, „Тие зборуваат за отворање на нуклеарни постројки кога постојат над 3 милиони деца кои се исклучени од училишниот систем, 58% од децата во основното образование не успеваат да завршат деветто одделение, а само 5% го завршуваат понатамошното образование. Оваа стварност мора да се промени, јас сум инструмент за тоа, но без тебе ние нема да можеме да ја промениме“.

Венецуела минува низ најтешката енергетска криза во историјата, падовите на енергетскиот систем во внатрешноста на земјата се чести, така што предизвикуваат незадоволство помеѓу населението. Корисникот на Твитер Мугуел Анхел Нито (@miguelnieto863) напиша:

‎Como puede Venezuela Pasar a la era nuclear sino pudo con la era eléctrica? (Misterios de la Revolución)

Како може Венецуела да влезе во нуклеарната доба кога не може да ја помине електричната доба? (Мистерии на револуцијата)

Постојаниот претставник на Венецуела во Обединетите Нации, Хорхе Валеро, потврди „дека ННС (Нуклеарната непрофитна спогодба), не само што бара отстранување на нуклеарното оружје туку и на правото на еднаков пристап до нуклеарна технологија за цивилни цели и затоа Владата на Венецуела го оправдува сувереното право на сите земји, да ја развиваат својата нуклеарна индустрија со мировни цели“.“

Луис Фернандо Ангосто ги анализираше вестите од страницата aporrea.org [шпански]:

Aparentemente, cuando se trata de llegar a “ser potencia”, no importa si la vía es la socialista o la capitalista: el ansiado fin justifica los medios. Además, está siendo fácil contar con socios en este tipo de empresa; socios bienintencionados y hasta altruistas que trabajan para que las naciones alcancen su independencia. En este caso, Venezuela tiene a Rusia.

Очигледно кога станува збор за станување на „суперсила“ не е важно дали е на социјалистичкиот или капиталистичкиот начин. Потребата за крај ги оправдува средствата. Покрај тоа, лесно кога се смета на партнери за ваков зафат; добронамерни дури и несебични партнери кои работат така што државите можат да ја достигнат својата независност. Во овој случај, Венецуела ја има Русија.

Хуан Кристобал од блогот Caracas Chronicles претставува „5 причини зошто не треба да се грижиме за нуклеарните амбиции на Хуго Чавез“:

1. Ова е Влада на некомпетентни. Рецесија. Инфлација. Распадната инфраструктура. И треба ли да набројувам уште? Човекот е мегаломан, а Русите му одат по ќефот со надеж дека ќе ќарат обилни провизии.
2. Времето е пари […]
3. Владата стана непријател и на така малиот човечки капитал што го има. […]
4. Нашите соседи не се загрижени. Немаше реакција од владите на Колумбија и Бразил. Ако тие не се загрижени, зошто некој друг би бил?
5. Хуго Чавез нема веќе политички капитал. Како што беше демонстрирано на парламентарните избори, мнозинството гласачи се противат на администрацијата на Чавез. Кога изборите би се одржале денес, тој би изгубил. […]

Изградбата на нуклеарна постројка е во својата почетна фаза и поставувањето на овој вид на инфраструктура не е лесно за земја во развој која има многу причини против: Растечки долг кој се зголемува неконтролирано, Државно Собрание во кое владата нема огромно мнозинство и социјалниот немир одразен со 30 убиства во еден викенд, сето ова го прави Каракас еден од најнебезбедните градови во светот. Претседателот Чавез, ќе треба да направи анализа за тоа колку е изводлива материјализацијата на неговите желби во моментов.

Цезар Сантиаго придонесе за превод на овој текст од шпански на англиски јазик

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.