Тринидад и Тобаго: Лаптоп инцидент

Неодамна, лидерот на опозицијата на Тринидад и Тобаго беше суспендиран од парламентот поради користење лаптоп без дозвола. За овој настан пишуваа само неколку блогери.

Компјутерското општество на Тринидад и Тобаго објави детална збирка од мејнстим медиумски приказни за овој настан, а како што се очекуваше Особено таинствениот блог на Басдео Пандај, кој што се појави за време на скорашно одржаните парламентарни избори во Тринидад и Тобаго како одговор на овој познат блог, побрза да се одбрани „себеси“:

Се надевам дека гледате низ што морав да поминам за вас. Морав да поминам низ тешко искушение во парламентот. Тие го натераа претседателот на собранието Бари Синан да го казни Гери Хунт бидејќи го користеше својот лаптоп. Тие сакаат да изгледа дека во основа никој да не знае да користи лаптоп.

Објавувајќи ги неделните сумирања, Забелешки од пристаниште на Шпанија, објави дека:

Парламентот се распадна која опозицискиот лидер беше суспендиран за користење лаптоп, кој му беше овозможен од владата. Како резултат на ова, дебатата за цената на храната, која порасна за 19 проценти во последната година, беше откажана.

KnowProSe.com ја сумираше целата афера:

Ова, пријатели, изгледа повеќе како „ја можам да урунирам подалеку од тебе“ натпревар и веројатно е најдобриот пример за нефункционирањето на владата на Тринидад и Тобаго. Иако фокусот треба да биде на вистински проблеми, сепак фокусот моментално ена лаптопот на Пандај. Технологијата, иако корисна, си има свое место – иако претседателот на собранието изгледа како лудит според она што е напишано во Тринидад Експрес, оправдувањето на Пандој не изгледа многу подобро. Што тој правел на својот лаптоп што било толку важно? Дали работел на проблемот со криминалот? Барал информации за проблемот со локалните избори? И најважно, дали оваа работа некогаш е дискутирана со претседателот на собранието?

… целата оваа работа ја остави Слободно радио на Карибите комплетно збунета, толку многу што создаде онлајн анкета што ќе и помогне да го разбере целосно инцидентот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.