Аргентина: Веб претприемачи во „Долината Палермо“

Фотографија на Санти Бој, користена под Криејтив комонс лиценца

Твитер беше една од најозборуваните алатки во 2007 и со негово користење се создаваа заедници околу кратките пораки или микроблогирањето. Многумина брзо ја увидоа неговата корисност или неговиот “модерен” статус. И покрај сево ова, Твитер и понатаму се користи од се повеќе корисници и со илјадници пораки на ден. Во една таква заедница, се родила идејата за креирање на мрежа од аргентински веб претприемачи. Сантиаго Сири коментира дека би било интересно да се соберат сите заедно, бидејќи многу веб 2.0 иницијативи во Аргентина најчесто се случуваат надвор од Палермо, еден од најтрадиционалните квартови на Буенос Аирес.

Марино Амартино од Веблогс Собре Веблогс [es] го резимира настанот:

За Венеса Колоџеј, инвеститор во ризичен капитал, идејата изгледаше интересна: заедно со другите од Твитер заедницата, резервирано е името на доменот, поставен е блог [es] и за помалку од 3 дена се случи првата ноќ од Долината Палермо: среќни часови (happy hour) за запознавање на соседството и запознавање други заинтересирани за веб 2.0. Според нивната проценка, очекувале присуство на 20-30 луѓе, но се појавиле повеќе од 70 и секој од нив вклучен во локален интернет проект.

Долината Палермо се претвори во редовен собир на локални претприемачи, токму поради одличниот одѕив на иницијативата на 21 февруари. Тие многу брзо го отворија својот блог, каде беа опфатени случувања од настанот и листа на блогови кои го спомнуваат настанот [es]. Психогик [es] го резимира настанот на овој начин:

Денес бев на првиот собир на Долината Палермо. Беше импресивно да се види колку луѓе присуствуваа на настанот само со поканување преку блогови и твитер. Барот во кој што се собиравме беше преполн, бидејќи лесно можеше да собере 25 луѓе, но на собирот беа повеќе од 70!!!!

Целта на настанот е да се креира место за комуникација на локалните претприемачи кои започнуваат проекти, а немаат доволно ресурси за нивно промовирање. Како додаток, овие претприемачи имаат и друга причина: создавање мрежа од потенцијални инвеститори. Поради успехот на настанот, некои од организаторите стартуваа паралелен настан наречен Започни ме Аргентина [es], кој тие го дефинираа на овој начин:

Започни ме Аргентина е вистинско место за спојување на сите оние кои започнуваат онлајн компании, со цел да се запознаат едни со други и да ја креираат следната генерација на веб 2.0 компании од Аргентина нив овие настани, оваа година.

На 13 март, се случи второто собирање на Долината Палермо. Првиот настан привлече 70 луѓе, но овој пат повеќе од 300 беа во публиката и листата на веб проекти брзо растеше. Блогот на Упту [es] има резиме на таа ноќ:

Годој (избраниот бар за настанот) привлече околу 300 луѓе и беше малку преполно, но во основа беше добар избор. Фактот дека присуствуваа повеќе луѓе од минатиот пат покажа две работи: прво, постојат многу луѓе кои работат на веб, второ, постојат многу други заинтересирани за започнување на вакви онлајн бизниси и ги користат овие настани за поставување прашања, на кои – иако не сме најискусни – одговараме и се надеваме дека нашите одговори ќе помогнат.

Третото издание на Долината Палермо моментално е во подготовка [es], а на овој настан ќе бидат презентирани некои од проектите. Примерот на Аргентина ги мотивира другите земји од Латинска Америка да одржат свои “собири на Долина” [es]. Како што е наведено на блогот на Долината Палермо, веќе постојат Долина Коста Рика [es] и Чиле, Долина Сантиаго [es] и Долина Салмон [es].

Ако сакате да ја погледнете целосната листа на започнатите бизниси и сајтовите кои учествуваат во Долината Палермо, посетете го блогот на организаторите. Исто така постојат фотографии на Фликр и група на ЛинкеДин

Преведено од Едуардо Авила

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.