Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Кина: Видео блогер помогна дете работник да се врати во училиште

Ху Алун, средновечен видео блогер алудирајќи на фразата „вистината е моќ“, издаде серија вознемирувачки видеа на Ku6.com, популарен веб сајт во Кина за споделување на видеа. Преку постојано опфаќање во 3 епизоди, Алан прикажа трогателна приказна за три деца копачи на јаглен во Биџи, мал град во југот. Преку ефективно онлајн застапување од QQ групите, организирани од Гуо Џун, приказната веднаш се прошири низ нетизените, предизвикувајќи голема загриженост кај јавноста. (Кликнете овде за да го гледате видеото со англиски титлови)


(Првото видео „Деца копачи на јаглен“ кое Алан го објави на 10 февруари)

Скоро половина милон луѓе го погледнаа видеото на Алан откако тој го објави своето прво видео за децата копачи на јаглен во февруари. Соработувајќи со Ku6.com, нетизените започнаа донации за трите деца со цел да им помогнат да се вратат во училиште. Поради огромниот притисок од интернет застапувачите, локалната управа реши да се вклучи во програмата за помош, што уште повеќе ја промовираше приказната. Видео блогерот Алун, иницијаторот на целата активност, беше очевидец на процесот за помош на владата и од тоа објави други две релевантни видеа на неговиот блог.

„Навистина ова е над моите очекувања. Никогаш не замислував дека ќе има толку многу срдечни нетизени кои ме подржуваат,“ вели Алун. „На почетокот сакав само да ја раширам приказната низ интернет. Како граѓанин на Република Кина сметам дека е наша обврска да ги изложуваме негативните феномени на општеството.“ Според друг активен член на процесот, Ху Алун е 40 годишен бизнисмен кој има работено во медиумите повеќе од 10 години и поседува свое студио, каде се изработени неговите документарни видеа. Тој е оптимист за изгледот на граѓанските медиуми, чија работа зависи од блогови, BBS и програмите за инстант пораки во Кина, вклучувајќи го и неговиот видео блог.

Двете QQ групи, кои одиграа значајна улога во процесот, ги охрабруваа своите нови членови да ја шират програмата за помош за децата работници, а нивната тесна врска со авторот на видеата им помогна да прераснат во информативен центар за најновите вести за децата копачи на јаглен. Меѓутоа, онлајн акцијата воопшто не се спроведуваше едноставно поради кинеското неверување во интернетот. „Всушност, секој од нас беше под огромен притисок. Многу луѓе не надгледуваа и имаа свои идеи за тоа што го правиме,“ вели Гио Џун, креатор на првата QQ група за застапување на видео блогот на Алун, „некои луѓе велеа дека сме само група идиоти кои само зборуваат, а ништо не превземаат, а некои мислеа дека сево ова е измама. Секогаш кога ќе се почувствував изнемоштен, го гледав видеото. Страдањето на децата ми даваше сила да продолжам.“

Коментари од видео блогот на Алун:

Автор: заоБ
Детска работна сила~за жал~овој свет ~вистински~~~суров

Автор: втз128
Во секој случај, такво јавно изразување е добро. Поддршка!!

Автор: гостин
Има безброј сиромашни деца. Дали може секое од нив да го добие вниманието на медиумите??? Детето кое е спасено е само капка во морето.

Автор: гостин
Се надевам дека владата ќе може да внимава повеќе на обесправените луѓе

Автор: гостин
Што правеше владата претходно? Само господ знае уште колку деца се надвор од училиштата

Автор: вхд12345
Луѓето ја дадоа својата помош дури откако се случи трагедијата

Автор: гостин
Многу сум тажен поради ситуацијава. Неверојатно е дека постојат толку жилави деца. Ти се восхитувам.

Автор: гостин
Се надевам дека ќе има повеќе добри луѓе во овој свет

Автор: гостин
Животот е премногу тежок за тие деца. Тие се добродушни и искрени бидејќи знаат како да заработуваат за живот.

Според последното видео на Алун, сите три деца се назад во училиште и добро примени. Со екстензивното влијание на процесот уште повеќе деца работници се спасени.


Јанг Гуо, едно од трите деца копачи на јаглен во својот клас


Јанг Гуо и неговите соученици во училиште

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.