Колумбија: Натпревар создава мултимедијални граѓани новинари

Прикажувањето скриени делови од Колумбија преку онлајн алатки може да ве внесе во Гуглплекс, ако вашето дело победи на натпреварот „Најдобро место во Колумбија“. Повеќето од линковите во овој натпис ќе ве однесат на веб сајтови на шпански, доколку не е поинаку нагласено. Семана публикации заедно со Гугл започнаа натпревар во Колумбија отворен за секој, без разлика на националноста, кој се состои од креирање, пишување и прикажување на содржина со која се запознава светот со особено важни места во Колумбија, кое не се познати за повеќето луѓе, користејќи најмалку две од алатките на Гугл: Пикаса, ЈуТјуб, Гугл мапи, Гугл земја, Скицирање (SketchUp), Креатор на страници (Page Creator) и/или Панорамио, како и документирање на истражувањето и прогресот преку блог. За доделување на наградите, од страна на судиите ќе се разгледуваат неколку аспекти: квалитет на содржината, креативност на авторот / авторите, релевантност на приказната, развој на работата и адекватната употреба на вклучените алатки, употребата на различни веб ресурси и интерес и коментари од корисните.

Целосни инструкции и информации за натпреварот се постапни (на шпански) на веб страницата на Колумбија Ен Ел Мапа. Еден од добрите моменти е дека иако наградата е посета на Гуглплекс во Калифорнија, каде победникот ќе се запознае со развивачите на користените алатки, тие го имаат земено во предвид огромниот проблем на граѓаните на Колумбија, и многу други, во добивање УС виза. Значи, ако победникот нема валидна УС виза, тие ќе го одведат во канцелариите на Гугл во Аргентина, земја за која на граѓаните на Колумбија не им е потребна виза.


Колумбија, единствениот ризик е желбата за останување фотографија од *Л*у*з*а*

Иако на веб страница е наведено дека натписите може да се доставуваат од 31 март до 6 мај, веќе е овозможено прегледување и гласање за блоговите кои учествуваат, чија бројка во овој момент е околу 70. Еден примерок кој навистина ми се допадна е Чокоандо. Неговиот автор, Џосе Александро Гонзалес Варгас, познат како барселомбиа на ЈуТјуб, задачата ја има земено при срце и го прикажува животот во крајбрежната провинција Чоко. На неговиот блог Нативос, половина документарец половина патопис, раскажува приказни и прикажува видеа од интервјуа со луѓе, разговори со локалните жители и го запишува своето искуство од посетата на луѓето и местата во Чоко. Областа Чоко покрај напуштањето од владата, има доживеано и воени злосторства, поплави, суши и изгладнување на своите афро заедници. Како што е наведено во натпис од Википедија [es]: „Иако има неверојатно разновиден земјопис, единствен екосистем и неискористени ресурси, Чоко е една од областите во Колумбија со најлоши услови за живеење.“

Тој на своја рака покрива и другите аспекти од Чоко, неговите предели, места, приказни и луѓе.

Следново видео ги прикажува прекрасните пејзажи и ликовите на луѓето, кои покрај сите тешкотии не ги изгубиле своите насмевки. Наречено е „Уриб, Кастано, Маруланда, Буш“ и претставува барање до одговорните за иднината на Колумбија да се грижат за луѓето кои живеат во оваа област. Исто така, не двоумете се да го посетите ЈуТјуб каналот на барселомбиа и да ги погледнете другите видеа од Колумбија.

Друг блог кој учествува е блогот на Виктор Солано, кој пишува за една приказна од проектот Рајзинг Војсис [en], Хипербарио за Ла Лома де Сан Џавиер, во Меделин, Колумбија. Неговиот натпис е наречен Ла Лома тока ел циело, што во превод значи Ла Лома го допира небото.Целосната листа на натписите кои се натпреваруваат може да ја погледнете, а воедно и да гласате за некој од нив, на овој линк.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.