Шри Ланка: Сеќавања на Артур Кларк

Смртта на Артур Кларк (1917 – 2008) поттикна многу луѓе, од ентузијастички љубители на научна фантастика, до оние кои знаеле за него, да блогираат свои впечатоци. Од краток поглед, до случаен разговор, многу блогери од Шри Ланка споделуваат пријатни сеќавања за Кларк, кој го сметаат за визионер и футурист. Британскиот писател живеел во Шри Ланка од 1956 година.

clarke_sm.jpg

Зборовите на Амваран пишува како делата на Кларк ја поттикнале неговата љубов кон научната фантастика.

За засакав научната фантастика заради сер Артур. Имав 10 години кога првпат наидов на неговиот познат расказ „Чуварот“. Веднаш станав зависник. Едвај чекав да прочитам уште негови дела. А тоа не беше лесно. Сер Артур беше плоден писател, автор на повеќе од 100 книги, како и бројни есеи и раскази. Дури Википедија ја нуди неговата библиографија само во делумна форма. Неговата привлечност беше во тоа што иако неговата научна фантастика беше од највисоко ниво, стилот на пишување беше многу едноставен, забавен и моќен. А неговите приказни беа повеќе во врска со приказната отколку со науката.

Галициса се сеќава на средба со писателот 2002 г.

Ја организирав средбата и имав среќа да го придружувам на посетата на д-р Кларк, кој кога го сретнавме во својата домашна канцеларија разгледуваше зголемени фотографии од Марс на неговиот лаптоп. Тој ни покажа некои од тие марсовски слики и нè праша што мислиме за една права линија која јасно се гледаше на една од нив! Упорно гледавме во екранот обидувајќи се да составиме целосна реченица. Забележувајќи ги нашите тажни лица, сер Кларк ја прекина тишината со насмевка: „Изгледа како некој да поминал од тука со прилично големо возило!“

ЛИРНЕасиаsia тагуваат поради загубата на личност со кого имале тесна соработка, разјаснувајќи дека човекот имал и други квалитети освен пишување белетристика.

Во ноември 2005 година, ЛИРНЕасиа ја оствари својата последна официјална средба со него во Коломбо, кога неколку претставници од ВорлдСпејс (нашиот партнер во проектот Ханзифо, кој работи на обезбедување интернет пристап „до последната милја“ – за крајни корисници) меѓу кои и д-р Рангарајан. Неговите проникливи коментари за потребата од систем за рано предупредување од природни катастрофи сè уште се користат во резултатите од тој проект.

Рантс, рејвс енд миселеиниус мјусингс се сеќава на кратка средба со Кларк – прекрасна анегдота за тоа како играле пинг-понг. Блогерот исто така потсетува на контроверзната епизода од животот на писателот кога еден таблоид го обвини за педофилство.

Јас не сум баш по пинг-понгот. Всушност, главната причина што заиграв е што можев еден ден да им кажувам на луѓето дека сум играл пинг-понг со Артур Кларк. Но ова беше понижувачки. Ме растури 75-годишен човек, кој уште и се придржуваше за масата со едната рака и не се помрднуваше од својата позиција. Има толку масивен опсег, како и огромна брзина, па додека јас скокав наоколу, тој мирно си стоеше. Кога за ова му кажав на еден пријател, тој само рече: те имал!

Ултрабраун од Индија пишува

Ниедна од овие работи не значи дека Кларк немаше осет за малите нешта во човечките животи, за нашите најдлабоки чувства: неговиот прекрасен, сентиментален расказ „Кучешка ѕвезда“, за космонаут кој мора да се прости од саканото куче кога оди да живее во лунарна опсерваторија скоро ме натера да заплачам – а јас никогаш не плачам. (Тоа е еден од неколкуте примери од делото на Кларк за тоа како рационален ум се бори со искуства на границата на натприродното, неможејќи целосно да се задоволи само со научното објаснување.)

[Фотографијата е од Википедија]

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.