· април, 2008

Написи за Одделено од април, 2008

Влог интернационал: Соработка без граници

  14 април 2008

Влог интернационал е проект со кој се зближуваат влогери кои говорат шпански: луѓето ги поставуваат своите идеи, се одбира една и секој од нив го снима своето делче, некој ги спојува заедно и потоа се објавуваат на нивните сајтови. Тие започнаа во 2006, кога група од пријатели се собраа заедно...

Бугарија, Македонија: Војна за историјата преку блогови

Односите на Бугарија и Македонија се исто толку комплексни и несфатливи како и оние помеѓу Грција и Македонија, иако не добива големо медиумско изложување. Главниот проблем помеѓу Софија и Скопје е повторно историјата. Според Бугарите, Македонците биле дел од бугарската нација до почетокот на 20тиот век, кога голем дел од...

Египет: Блогерите во први борбени редови

  10 април 2008

Египетските блогери работеа непрекинато со цел да му соопштат на светот за револтот на работниците кој ја потресе нивната земја, кога илјадници се побунија во текстилната фабрика во Ал Махала, барајќи подобро да бидат платени и протестирајќи против зголемувањето на цените. Тие беа исто така меѓу првите повредени во немирот,...

Еквадор: Загриженост за сигурноста и приватноста на интернет

  8 април 2008

Еквадор до сега постојано се појавуваше во насловите во 2008. Прво, паднаа поројни дождови и го поплавија поголемиот дел од земјата. Потоа, контроверзната расправа за националниот суверенитет и неговиот соседот, Колумбија, исто така беа често во вестите. На крај, објавата дека Револуционерните вооружени сили на Колумбија (РВСК) имаат засолниште во земјата ја постави владата на Еквадор во незгодна ситуација [es]. Меѓутоа, нешто што не беше објавено во медиумите, а е исто толку загрижувачки, е прашањето за безбедност и приватност на интернет, како и неодамнешните инциденти на хакирањa.

Јапонија целосно расцветана

  7 април 2008

Пролетта стаса во Јапонија со првите цветови на црешите оваа година. Луѓето нестрпливо ја чекаат временската прогноза за цветот која треба да биде објавена од Метеоролошката агенција, додека во својот календар го обележуваат најдобриот ден за набљудување на цветовите (ханами). Како што фронтот на црешови цветови (сакуразенсен) се помести на...

Јордан: Кралството дебитира на ЈуТјуб

Кралицата Ранија од Јордан се приклучи на многуте корисници на ЈуТјуб, на задоволство на јорданските блогери и видео блогери од Средниот исток. Во обид да ги скрши стереотипите и да се вовлече во интернационалните конверзации, видеото се појави на ЈуТјуб со следнава порака: Кралицата Ранија го отпочнува своето присуство на...