· јуни, 2008

Написи за Одделено од јуни, 2008

Шшш… Самитот на Глобал војсис за граѓански медиуми 2008 започна

Доколку е тивко на Глобал Војсис во наредните неколку денови, тоа е бидејќи транспортиравме околу 80 од нашите уредници, автори и преведувачи во Будимпешта, Унгарија за самитот за слобода на изразување онлајн, граѓански медиуми и улогата на Глобал војсис во наредната година. Може да не следите во живо преку нашиот...

Русија: „Фудбалска револуција“

Ова беше луда, непроспиена ноќ во Русија, поради победата на националниот тим со 3-1 над Холанѓаните и нејзиното квалификување на полуфиналето на Еуро 2008. На улиците на Москва, околу 500 000 навивачи ја прославуваа оваа неочекувана прослава – а слична еуфорија се чувствуваше и во повеќето руски градови. ЛајвЏурнал корисникот...

Унгарија: Фотоблогирање

Како што се наближува самитот на граѓански медиуми на Глобал Војсис во Будимпешта и откако претставивме неколку унгарски блогови за храна, сега ќе ги разгледуваме унгарските фотоблогови. Ги има многу, со висок квалитет, па затоа еве еден мал дел од нив. Веројатно најпознатиот фотоблог во Будимпешта е Дневно Фото од...

Доминиканска Република: Млекото кое се дава на децата во училиштата под истрага

Фотографија од Гуле Падила и користено под Криејтив комонс лиценца И покрај тоа што можеби изгледа како неважна вест, Доминиканската Република претрпува скандал со млеко и се блогира дека на децата во училиштата им се дава вода со шеќер наместо полномасно или обично млеко. Дејли Доминикан [en] пишува: Доминиканското Педијатриско...

Либан: Изненадувачка посета на Кондолиза Рајс

Кондолиза Рајс, секретарот на САД, направи ненајавена , петчасовна посета на Либан во понеделникот, 16-ти јуни. Таа најави поддршка од нејзината влада за новоизбраниот либански претседател, како и за либанската влада, спикерот на парламентот и демократскиот систем во државата. Рајс последен пати го посети Либан за време на уништувачката војна...

Јапонија: Земјотрес во внатрешноста на Ивате-Мијаги

  18 јуни 2008

На 14 јуни, земјотрес со јачина од 7.2 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Тохоку во Јапонија. Во Ивате и Мијаги, најтешко погодените области, потврдено е за 10 мртви, неколку десетици исчезнати и повеќе од 200 повредени. Иако бројот на починати е релативно мал, со оглед на тоа што...

Бразил: Судиите не го разликуваат ЈуТјуб од У2

Највисокиот изборен суд (ТСЕ на португалски) пред некој ден одржа состанок за да ја изработи резолуцијата со која ќе се раководи користењето на интернетот во изборната кампања за локалните избори во 2008 година. Помеѓу овие критикувани резолуции беше Одредбата 4 [pt] во која се наведува следново: Одредба 4. Емитувањето на...

Еколошки активизам со мобилната телефонија

  9 јуни 2008

Мобилните телефони стануваат важна алатка за екологистите низ светот. Овие активисти развиваат нови технолошки стратегии со цел да ги едуцираат потрошувачите за влијанието на нивните одлуки при купување, да го набљудуваат животинскиот свет и нивото на загадување, и да се залагаат за заштита на шумите. Извештајот од Технолошкото партнерство на...

Иран: Зелени активисти преку движење и фотографии

Зелените (еколошки) блогови се важен извор за разбирање на природата и животната околина во Иран, со сите проблеми и предизвици. Зелените блогери активно учествуваат во кампањи за заштита на природата и животните. Тие објавуваат написи, приказни и фотографии, а организираат конференции и демонстрации. Во овој пост правиме преглед на зелениот...

Јапонија: Блогерите за нападот со нож во Акихабара

Напад со нож во областа Акихабара во Токио, според извештаите на новинските агенции, беше извршен од страна на 25 годишниот осомничен, Томохиро Като, во кој животите ги загубија најмалку седум лица, а уште повеќе се повредени. По се изгледа осомничениот удрил со два тона изнајмен камион во пешаци на раскрсница...