· јули, 2010

Написи за Одделено од јули, 2010

Палестина: Работилници ги инспирираа блогерите во Газа и на Западниот брег

Неодамна, директорот на Програмата за поддршка на Глобал Воисес, Сами Бен Гарбиа, реализира серија на работилници за блогирање во Газа и Западниот Брег. Работилниците беа организирани од Arabic Media Internet Network (AMIN), чија цел е зголемување на бројот на блогери во палестинското општество.

Бразил: Секојдневното насилство врз жените

Во Бразил, секој ден се убиваат по 10 жени. Неодамнешното убиство на жена од наводниот татко на нејзиното дете, воедно млад надежен бразилски голман, предизвика разговори во блогосферата за насилството против жените.

Сиера Леоне: Подигање на свеста околу сексот и сексуално преносливите болести преку видео

Во Сиера Леоне, Вики Ремо е водител и продуцент на едно шоу кое се прикажува еднаш неделно и коешто покрива широк спектар на теми: од неоткриени музички гении, до прикажување на секојневието на трговците, спорт и од неодамна, едукација за секс и сексуално преносливите болести (СПБ) наменета за студенти.

Бахреин: Ја изгаснав цигарата!

Како што муслиманскиот свет месец Рамадан (месецот на постење) брзо се наближува, бахреинскиот блогер Tawfeeq Al Rayash со еден удар убива две муви. Тој пости веќе три месеци и се откажа од пушењето откако за тоа го освести неговата ќерка.

Србија: Еден пар чевли, еден живот

И покрај тоа што поминаа 15 години од масакрот во Сребреница,  Ратко Младиќ – генерал на Армијата на Rепублика Српска (српската Армија во Босна) кој е оптужен од Хашкиот трибунал за геноцид  и бруталната смрт на повеќе од 8.000 муслимани во овој босански град на 11-ти јули 1995,  сѐуште не...

Филипини: Погледите на блогерите за сексуалното образование

  13 јули 2010

Оваа учебна година, филипинската влада реализира програма на Обединетите Нации за сексуално образование во јавните училишта за децата и тинејџерите додека Католичката црква строго се спротивставува на програмата. Блогерите коментираат на темата.

Бразил: Пожарот во Рио де Жанеиро покрена онлајн кампања

Една од населбите кои често ги гледаме на разгледниците од Рио де Женеиро, населбата Лагоа, беше жртва на голем пожар кај Моро Дос Кабритос, област од Атлантските дождовни шуми. За кратко време низ социјалните медиуми започна кампања против пуштањето на балони на топол воздух - кои се можна причина на пожарот.

Јужна Африка: Африканската модна недела ја поставува сцената за Африканските дизајнери

Да не бидат надминати од нивните спортски колеги, африканските модни дизајнери ги прикажуваат своите таленти во своето мини светско првенство во мода од30 јуни до 3 јули.