Кралицата Ранија од Јордан се приклучи на многуте корисници на ЈуТјуб, на задоволство на јорданските блогери и видео блогери од Средниот исток. Во обид да ги скрши стереотипите и да се вовлече во интернационалните конверзации, видеото се појави на ЈуТјуб со следнава порака:
Кралицата Ранија го отпочнува своето присуство на ЈуТјуб со ова ексклузивно видео.
Погледнете го клипот за да ја слушнете нејзината порака до ЈуТјуберите насекаде и потоа приклучете се во конверзацијата.
Пораката започнува со:
Во свет каде е многу лесно да се поврземе еден со друг, ние се уште остануваме исклучени. Постои еден чудесен свет во кој ние не можеме да уживаме поради стереотипи. Затоа е многу важно да ги споиме нашите сили, заедно да се обидеме да ги срушиме тие недоразбирања. Навистина сум изненадена од некои прашања кои ми беа поставувани за арапскиот свет и Средниот исток. Дали сите Арапи ги мразат Американците? Дали арапските жени смеат да работат? Дали постојат ЈуТјубери во Јордан?
Според персоналната страница на кралицата Ранија:
Кралицата Ранија објави официјална ЈуТјуб страница со ексклузивна порака за важноста од културен дијалог за рушење на стереотипите. Може да ја посетите страницата на незиното височество на: http://youtube.com/QueenRania.
Во видеото, кралицата Ранија упатува покана до видео блогерите да и испратат некои од погрешните претстави кои луѓето ги имаат за арапскиот свет. Таа вели:
Од сега па до 12 август, кој е интернационален ден на младоста, се надевам дека од ЈуТјуберите ќе добијам некои од прашањата и вообичаените стереотипи кои тие ги имаат слушнато за арапскиот свет, кои јас ќе се обидам да ги срушам еден по еден. Исто така ги охрабрувам ЈуТјуберите да ми помогнат и да испраќаат некои од стереотипите, со што јас ќе се потпрам на вашите вештини и креативност за да го завршиме овој процес со успех.
Насим Татавнах е возбуден поради кралскиот видео блогер и објавува:
Се чини дека помина многу време од кога се прашував дали кралицата Ранија е блогер. Од неодамна, таа отиде чекор понапред и стана видео блогер.
Тој понатаму додава:
Ова е многу добра иницијатива (посакувам јас да се сетев прв) и претставува еден од оние Веб 2.0 проекти кои досега никогаш не биле направени на ова ниво и во оној контекст. Во секој случај, коментарите ќе бидат уште поинтересни за читање, без разлика дали ќе бидат позитивни, негативни или навредувачки. Тоа е слободниот и чукнат свет кој го нарекуваме Интернет. Меѓутоа, ќе биде интересно да се види како ќе се одвиваат одговорите. Запомнете, ова е за арапските стереотипи, а Арапите се разликуваат во културата, политиката, економијата, па дури и во религиозните стандарди; одговарањето на овие прашања од кралицата на Јордан може да биде тешко. Друга тешка задача би била маневрирањето низ религиозните прашања кои ќе бидат поставени, задача која сметам дека кралицата не треба да ја започне поради неодамнешните недоразбирања.
Сепак, се прашувам дали ова ќе биде единствено појавување или почесто ќе ја гледаме кралицата како видео блогира на ЈуТјуб. Се прашувам дали и кралот Абдулах ќе ги следи нејзините чекори, иако сметам дека тоа ќе биде многу лоша идеја од многу очигледни причини.
Хнобеизах, кој линкува до видеото, остави едноставна порака. Тој вели:
Кралицата Ранија го отпочнува своето присуство на ЈуТјуб со ова ексклузивно видео. Да земеме учество!
Сонародникот Хани Обаид го коментира постот, велејќи:
Во прв момент мислев дека сево ова е еден вид на шега како фејсбук профилот што беше направен за кралската фамилија, но потоа го гледав видеото и бев пријатно изненаден. Ова е извонредно.
До сега страницата има собрано 72 коментари.
1 коментар
http://nasimjo.blogspot.com/2008/04/queen-ranias-channel-on-youtube.html