· септември, 2010

Написи за Одделено од септември, 2010

Бразил: Свечено воведен најголемиот графит на светот

  24 септември 2010

Бразилскиот претседател Лула да Силва свечено го воведе најголемиот графит на светот нацртан на повеќе од 37 000 квадратни стапки во регионот Фоз до Игуачу. Овој регион, познат по водопадите Игуачу и по тромеѓето каде границите на Парагвај, Бразил и Аргентина се сретнуваат, ќе биде отсега дом на декорираниот автопат...

Австралија: Силна реакција против муслиманската облека

  24 септември 2010

Додека уживавме неколку дена надвор од блогосферата, избувна вознемирувачка дебата, пред сè околу костимите за пливање. Нема потреба да се погаѓа дека се вмешаа и мултикултурни тензии. Контроверзиите почнаа во предградие на Мелбурн: Градоначалникот на ДАНДЕНОНГ ги повика жителите да се придружат на муслимански празник на којшто се приморани да...

Африка: ХИВ позитивните жени стерилизирани, дискриминирани и стигматизирани

  21 септември 2010

Присилната стерилизација на жените се уште е реалност во многу африкански земји. Неодамна имаше сведочења за сопственото искуство на оваа тема и неколку африкански блогери и дадоа тежина на темата.

МЕНА: Прославен светскиот ден против хомофобија

17-ти мај го означува светскиот ден против хомофобија и трансфобија. И покрај хомосексуалните движења кои сè уште се казнети со закон во сите средно-источни земји и во северна Африка со исклучок на Израел, сепак постојат многу иницијативи насекаде во тие региони кои го обележуваат овој ден, во соработка со издигнатите...

Франција: Дискриминација на Ромите, етикетирани како „крадци“

  13 септември 2010

И додека истерувањето на Ромите од камповите најавено од претседателот Саркози и министерот за внатрешни работи Брис Хортефо е во полн ек со тивкото одобрување на мнозинството на јавното мислење, започнуваат да се јавуваат сомнежи околу праведноста на мерките. Некои блогери го изразија својот гнев за мерките кои целат кон најранливите и една цела заедница ја етикетираат како „крадци“.

Канада: „Исчезнувањето“ на домородните жени

  11 септември 2010

Бидејќи  30 август е обележан како Меѓународен ден на исчезнатите лица, вести од Канада дека близу 600 домородни жени исчезнале во последните три декади се раширија надалеку, нашироко и низ целата канадска блогосфера. Активистите за човекови права тврдат дека канадската влада не направила доволно за да ги истражи исчезнувањата. Се...

Чиле: Прва земја што донесе закон за неутралност на интернет

  7 септември 2010

По скоро три години дискусии, Чиле го одобри Законот за неутралност на интернет [шпански], кој вклучува дополнителни три членови на генералниот Закон за телекомуникации. Измените имплицираат, покрај другите работи, дека интернет провајдерите нема да бидат во можност произволно да блокираат, интерферираат, дискриминираат, спречуваат или ограничуваат содржина, апликација или легални сервиси,...

Глобално: e-Отпад – Да се рециклира или повторно да се употреби?

  2 септември 2010

Денес, огромен број на домаќинства и фирми постојано создаваат огромни количества на е-отпад (отфрлени електронски уреди), што претставува закана за животната средина и здравјето, бидејќи овие уреди се составени од токсични супстанци. Според StEP (Решавање на проблемот со е-отпад): е-Отпад е термин кој се користи за да се опфатат скоро...