· февруари, 2015

Написи за Одделено од февруари, 2015

Еден едноставен инфографик за подобро разбирање на репресијата во Тајланд

  26 февруари 2015

Горната слика, создадена од независната веб-страница за вести, Prachatai, ни ја прикажува моменталната ситуација во Тајланд, каде армијата е на власт после државниот удар претходната година. Војската на Тајланд, предводена од генералот Прајут Чаон-Ча, во мај ја превзеде власта со државен удар, прогласувајќи воена состојба во целата држава. Војската исто така го суспендираше уставот,...

Филипините признаа дека бездомници биле сместени во луксузно одмаралиште за време на посетата на Папата Францис

  25 февруари 2015

По повеќекратното негирање на гласините за преместувањето на бездомници од улиците на Манила поради посетата на Папата Францис, филипинскиот секретар за социјална заштита призна дека владата им обезбедила престој на повеќе од 100 сиромашни семејства. Расплаканата секретарка на Одделот за социјална заштита и развој (DSWD), Динки Солиман, на состанок со Сенатот изјави...

Западните Папуанци бараат правда за младите демонстранти убиени од индонезиска полиција

  24 февруари 2015

  Активисти и поборници за независноста на Западна Папуа бараат правда за убивањето на младите цивили од страна на индонезиската полиција претходниот месец. На 8 декември, 2014, во областа Паниаи, индонезиски безбедносни сили наводно отвориле оган на околу 800 мирни демонстранти, вклучувајки жени и деца. Протестот беше реакција на веста...

Мистериозната смрт на аргентинскиот детектив го враќа во живот прашањето за бомбашкиот напад во 1994

  11 февруари 2015

Алберто Нисман беше еден од аргентинските најпознати федерални обвинители. Повеќе од десет години, тој беше главен истражител на бомбашкиот напад во 1994 во кој бомба активирана во автомобил во еврејскиот центар на Буенос Аирес ги зема животите на 85 луѓе и повреди уште 300 – најстрашниот терористички напад во историјата на Аргентина....

Саудискиот крал Абдула почина на 90 години; го наследи Салман, 79

После неколку неделните шпекулации, Саудиска Арабија денес [23 јануари, 2015] ја објави смртта на Абдула бин Абдулазиз, 90, Чуварот на двете свети џамии. Абдула дојде на власт во август 2005, по смртта на неговиот полу-брат Фахад бин Абдулазиз, и сега е наследен од неговиот друг брат Салман бин Абдулазиз кој...

Полицијата во Хонг Конг ги закажува апсењата со активистите на Окупирај го Центарот

  5 февруари 2015

Повеќето од нас се навикнати да резервираат маси во ресторан. Како би изреагирале ако полицијата се обиде да го закаже вашето апсење? Ова можеби звучи смешно, но досега полицијата во Хонг Конг го направи токму тоа со нешто повеќе од 50 активисти по завршувањето на масовните мирни протести, наречени движење Окупирај...

Филипините ги протеруваат малите продавачи пред посетата на папата со тема „Милост и сочувствување“

  4 февруари 2015

Малите продавачи беа протерани од паркот Лунета во Манила неколку денови пред пристигнувањето на папата Францис во Филипините. Предвидено е папата да одржи миса во Лунета, најважниот парк на слободата во државата. Поглаварот на Римокатоличката црква ќе престојува на Филипините во периодот од 15 јануари до 19 јануари. Се очекува дека неговата...

Нигеријците ја критикуваат владината реакција (односно отсуството на истата) за масакрот во Бага од страна на Боко Харам

  4 февруари 2015

Во текот на изминатите недели, терористичката организација Боко Харам ја зголеми својата насилна кампања во Нигерија. Муслиманското џихадистичко борбено движење со седиште во североисточниот дел на Нигерија, северниот дел на Камерун и Нигер, одговорно за смртта на илјадници луѓе во последните неколку години, изврши напад врз Бага, еден мал град во државата Борно, во северосточниот...

Граѓаните на ЕУ поднесуваат петиција против спогодбите за трговија ЦЕТА и ТТИП

  4 февруари 2015

Граѓаните од цела Европа поднесуваат петиција против ЦЕТА (Сеопфатниот економски и трговски договор) и ТТИП (Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство). Според Европската комисија, ЦЕТА „ќе им понуди на фирмите од Европската унија повеќе и подобри бизнис можност во Канада и ќе обезбеди работни места во Европа”, додека ТТИП „има за цел да...

Пет проблеми кои ги засегаат девојките-активисти од Киргистан

Devochki-activistki (девојки-активисти) од Киргистан се девојки на возраст помеѓу 13 и 17 години кои се борат за еднаквост, правда и разновидност во едно предизвикувачко опкружување за женските права. Еден од клучните елементи на нивните проекти е блогот на кој групата објавува писма од девојки кои живеат во различни региони на...