Влог интернационал: Соработка без граници

Влог интернационал е проект со кој се зближуваат влогери кои говорат шпански: луѓето ги поставуваат своите идеи, се одбира една и секој од нив го снима своето делче, некој ги спојува заедно и потоа се објавуваат на нивните сајтови. Тие започнаа во 2006, кога група од пријатели се собраа заедно за да му одадат почит на еден пријател, кој е видео блогер [es]: сите се запознаа преку неговата веб страница, а потоа сакаа да го пренесат овој факт јавно. Следниот проект се случи организациски: пријателот кој го организираше првото колаборативно видео минуваше низ тешки периоди од животот и токму поради тоа сите се одлучија да снимат роденденска желба на видео: тие се снимија како ја пеат „среќен роденден“, свирејќи ја песната на инструменти, играјќи и седејќи пред торта со свеќички , а видеото може да се најде тука [es].

Тие започнаа нарекувајќи ги овие искуства „Санчос де Видео“: санчос е името кое се поврзува со многу различни шпански серии од цела Латинска Америка. Последното видео од групата на Влог интернационал е за прошетка низ блокот. Влогерите од Колумбија, Израел, Канада, Германија и САД веќе ги споделија своите опкружувања. Може да ги видите со кликнување тука или со преглед на следново видео:

Влог интернационал веќе има 31 видео на нивната страница blip.tv и секогаш се надеваат дека ќе додадат повеќе видео блогери на нивната страница. Се што е потребно е човек да се заинтересира да направи 1 минутно видео: 30 секунди да објаснат каде се и кој се и 30 секунди да ја снимат „мисијата“ на видеото, а потоа да го постават видеото и да им го испратат линкот по имејл. Инструкции на шпански може да најдете тука.

Сите овие видеа се објавени по Криејтив комонс лиценца, а вие може да ги споделувате под условите наведени на нивното вики. Разгледувањето на нивните различни епизоди претставува одличен начин за добивање глобална перспектива за истата тема. На следново видео [es], влогерите не носат на турнеја подалеку од супермаркетите, а директно во различни традиционални места за купување во Франција, Англија, Италија, Германија, Мексико, Бразил, САД, Чиле, Шпанија и Колумбија.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.