Египет: Блогерите во први борбени редови

Египетските блогери работеа непрекинато со цел да му соопштат на светот за револтот на работниците кој ја потресе нивната земја, кога илјадници се побунија во текстилната фабрика во Ал Махала, барајќи подобро да бидат платени и протестирајќи против зголемувањето на цените. Тие беа исто така меѓу првите повредени во немирот, каде двајца беа убиени, голем број повредени и непознат број на активисти, организатори и случајни набљудувачи сместени зад решетки. Покривање на приказната дојде во форма на блог постови, ЈуТјуб видеа, Твитер фидови, Фликр фотографии, Фејсбук пораки и сите други онлајн алатки кои што им дојдоа при рака.

6ти Април требаше да биде ден на цивилна непослушност, кој требаше да се обележи со генерален штрајк, а луѓето да останат дома тој ден. Владата се заколна дека ќе возврати на штрајкот со железна тупаница, и ја предупреди јавноста да не обраќа внимание на повикот. Митингот беше исто така прекинат, и денот заврши со конфронтација меѓу работниците и полицијата во областа Махала, во срцето на Египетската текстилна индустрија.

Блогерот Mалек Мустафа беше првиот уапсен, наводно за дистрибуирање флаери, на денот на штрајкот. Mалек е оттогаш ослободен, но други блогери се се уште зад решетки, во исчекување на пресуда, заедно со неспецифициран број на притвореници. Меѓу нив е и Азра Абдул Фата, една египетска девојка, и една од основачите на 6ти Април – Денот на разлутената Фејсбук група, која послужи како инструмент да се рашират гласини за штрајкот. Досега, групата привлече 68,000 членови и тој број се зголемува. Блогерите Шаркави и Карим Ал Бихаири се наводно исто така уапсени.

Блогот на Tадамон Маср (Ar) го објави апсењето на Бихаири соопштувајќи:

Kaрим Ал Бихаири, од Египетскиот работнички блог, којшто работи во Махала, беше уапсен и однесен на непозната локација, каде беше претепан и измачуван со електрична струја. Тој беше исто така испрашуван за сите телефонски броеви кои беа регистрирани во неговиот мобилен телефон. Изворот на оваа информација е самиот Карим, кој се сретнал со адвокати од Коалицијата за одбрана на Египетските протестанти, и им кажал што му се случило нему.

Блогерот Хосам Ел Хамалави нуди исклучително покривање на немирите и заканите по безбедноста на блогерите, во своите детални извештаи, кои се редовно ажурирани и кои вклучуваат извештаи од инцидентите, дополнети со фотографии. Повеќе фотографии може да се видат тука и тука.

Членовите на јавноста можеа да репортираат за нивните видувања на немирот преку посветени телефонски линии до колаборативен блог наречен 6ти Април 08 (Ar), кој се погрижи детално да ја покрие тридневната приказна за немирите. Исто така се формираше коалиција на адвокати да ги брани уапсените и блоговите ја постираа следнава молба:

Коалицијата за одбрана на уапсените во штрајкот ги повикува сите адвокати кои се заинтересирани за човековите права и слободи да волонтираат и да земат учество.

Aмериканскито новинар Џејмс Бак, кој е во Каиро, го постираше следниов Tвит, каде вели:

Стотици се уште се исчезнати во Махала, семејствата молат за помош во име на човековите права.

Уште немири се очекуваат во следните неколку недели, додека онлајн активистите, поддржани од масите од нивната територија, се забрзуваат за уште едно соочување со властите. Една нова Фејсбук група повикува на поголем штрајк на 4ти Мај, кој коинцидира со роденденот на Египетскиот претседател Хосни Мубарак.

Фотографијата е преземен од: Фејсбук група за штрајкот на 4ти Мај

Други извештаи на Глобал Војсис Онлајн во врска со штрајкот:
Eгипет: Штрајк за будење
Eгипет се подготвува за Генерален штрајк во недела

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.