· април, 2012

Написи за Одделено од април, 2012

Уганда: Пародијата „Yes We Kony!“

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа Кони 2012. Кампањата на социјалните мрежи создадена со цел да го поддржи апсењето на угандскиот лидер на герилците и прогонуван воен злосторник Џозеф Кони, тргна во нова насока. Во една блог објава наречена „#Кони2012 е Пародија“, Шон Џејкобс зборува за пародиските видеа за актуелната кампања...

Мексико: Земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе земјата

  24 април 2012

На 20 март 2012, околу пладне јужните и централните делови од Мексико ги потресе земјотрес. Земјотресот беше почувствуван поинтензивно во државите Оаксака, Гереро, Морелос и Мексико Сити. Според Мексиканската национална сеизмолошка служба (@SimsologicoMx) земјотресот ги имал следниве карактеристики: Земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала на 29 км јужно од...

Јужна Кореја: Трите главни ТВ станици протестираат против пристрасното известување

  20 април 2012

По еден од очајните обиди на најголемата телевизиска мрежа во Јужна Кореја да го симне од позиција својот директор заради пристрасно известување и обвинувања за корупција, на протестот се приклучија и останатите две главни ТВ станици, кои со здружени сили се спротивставија на сопствените раководства поради наклонетост кон Владата, како...

САД: „Јас сум Трајвон Мартин“

  12 април 2012

На 26 февруари 2012 година, Џорџ Зимерман, доброволец за надгледување на соседството од Санфорд, Флорида, САД, го застрела и усмрти 17 годишниот Трајвон Мартин додека излегувал од продавница со купените слатки. Џорџ Зимерман и призна на полицијата дека го застрелал Трајвон во пределот на градите. Според полициската снимка од телефонскиот разговор објавена минатиот...

Русија: Поврзување соседи, спасување животи

Летотo во 2010 година, кога Русија ја тресеа пожари, давејќи и задушувајќи цели села, интернет активистите се организираа. Додека руската влада одговараше бавно и делумно, блогерите одговорија брзо лансирајќи го сајтот – Руски пожари, кој им дозволува на корисниците на Интернет од малите градови да шират брзи информации за тоа...

Србија: Медиумската војна против Анџелина Џоли

Не толку одамна, Анџелина Џоли беше „повеќе загрижена“ за тоа како е прифатено нејзиното прво режисерско издание – филмот „Во земјата на крв и мед“, во Босна и Србија, отколку во САД. Долго време ги очекуваше реакциите од локалната публика, која таа ја преслика во нејзината воена драма, а некои...

Глобал Војсис на 7-те по ред годишни БОБ награди

  6 април 2012

Голем број соработници на Глобал Војсис насекаде низ светот се наоѓаат помеѓу номинираните за престижните награди на Дојче Веле за најдобрите блогови – БОБ. Годишниот настан е организиран од страна на Дојче Веле, главниот културен медиумски извозник на Германија во областа на традиционалните медиуми. Како и БиБиСи, другиот светски познат...

Глобал Војсис на ајмарски: Преведувачки искуства во 2011

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа за Глобал Војсис во 2011. Моето име е Викторија Тинта и би сакала накратко да го споделам моето искуство со Глобал Војсис: Започнав да преведувам за Глобал Војсис на ајмарски во 2009, но тогаш, преведував по една статија на ден на теми како политика, спорт,...

Сирија: Шок и неверување поради убиство на новинари

Оваа статија е дел од нашата специјална репортажа за Протестите во Сирија 2011/12. Денес, нетизените кои на социјалните медиуми известуваат за секојдневното крвопролевање во Сирија мораа да се повлечат накратко, за да ги апсорбираат вестите за уште повеќе злочини направени против човештвото во областа Баба Амр, во градот Хомс кој...

Најава: Самит на Global Voices за граѓански медиуми во Најроби, Кенија

Со задоволство го најавуваме Самитот на Global Voices за граѓански медиуми 2012! Оваа година нашиот собир ќе се случи во Најроби, Кенија, на 2 и 3 јули, 2012, во соработка со iHub Најроби. Посетете ја страницата на Самитот за информации поврзани со целите на средбата – детали за регистрација ќе додадеме многу набрзо. Во следните денови...