· мај, 2009

Написи за Одделено од мај, 2009

Хондурас: Силен земјотрес ја потресе земјата

Во раните утрински часови на 28ми Мај Хондурас го пробуди земјотрес кој со јачина од 7.1 степени спрема Рихтерова скала ја потресе земјата. Потврдени беа 5 жртви, повеке повредени, и полека се согледуваа штетите на земјината инфраструктура вклучувајќи згради мостови и патишта. Микроблогинг платформите како Blipea иTwitter беа меѓу првите кои известија за земјотресот преку корисниците од San Pedro Sula, Tegucigalpa и La Ceiba. Сепак некој не беа во можност поради прекините на електричната енергија и интернет низ поголемиот дел од земјата.

Кина: Нашето право да бидеме поштедени од стравот

  29 мај 2009

Блогерот Lan Xiaohuan (兰小欢), во својот пост “Горчлива насмевка”, рефлектира како нацијата исполнета со страв го замолчува гласот на народот. Жалејќи што цената да се бара правото на граѓанинот станува се повисока, тој исто така го сатиризира вдахновениот страв кој ги крши човечката  храброст и љубов, заклучувајќи дека Кинезот никогаш...

Случаи на грип А (H1N1) во Југоисточна Азија

  27 мај 2009

Неколку земји во Југоисточна Азија потврдија дека тестовите направени на неколку граѓани за грипот А  (H1N1) излегоа позитивни. Регионот не е повеќе место каде што нема свински грип. По вестите за случајот на свински грип во Малезија, Нураина А. Самад се плаши од најлошото: Знаеме дека има патници од двата...

Малдиви: Првите слободни парламентарни избори

  25 мај 2009

Во Малдивите имаше значајни политички промени во последните пет години: воведување на политички партии во 2005 год., ратификација на изменетиот Устав во август 2005 год. и првите повеќепартиски избори одржани во октомври 2008 год. кои допринесоа да се формира демократска влада. Но, парламентарните избори одржани на 9-ти мај беа од...

Кина: Ланец на малолетна проституција предизвика јавен бес

  13 мај 2009

Тинејџерки од средно училиште, па дури и од основно училиште, биле придобиени или со закана претворени во проститутки кои ги услужувале локалните државни службеници и наставници. Разоткривањето на целокупниот ланец на проституција во Xishui, Gizhou открива слика на морална и административна дегенерација во кинескиот град.

Светски ден на книгата: Животите на жените во огледало на нивните мажи

  11 мај 2009

Постојат многу мажи во животот на една жена, од првиот до последниот: «татко, дедо, син, брат, љубовник, маж, шеф, колега»…Некои се присутни, други се заборавени, заминати, некои сé уште мистериозно се тука, заробени или страдаат, се менуваат, остануваат; и споени заедно, нивните портрети и придонеси подобро ќе ги отсликаат отколку...