Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Јапонија целосно расцветана

Пролетта стаса во Јапонија со првите цветови на црешите оваа година. Луѓето нестрпливо ја чекаат временската прогноза за цветот која треба да биде објавена од Метеоролошката агенција, додека во својот календар го обележуваат најдобриот ден за набљудување на цветовите (ханами). Како што фронтот на црешови цветови (сакуразенсен) се помести на север, црешите почнаа да цветаат во Шизуока, Куматато и Токио на 22ри Март, неколку дена порано од вообичаено. Многу јапонски блогери ја искористија можноста да направат фотографии од цветовите.

Риеко Коизуми од Една соба со цвеќе, фото блог кој прикажува фотографии од цвеќиња што таа ги среќава во секојдневниот живот, напрви фотографија од цвет на цреша уште пред да биде сезоната “официјално отворена”.


Фотографија од Риеко Коизуми, Една соба со цвеќе (Криејтив комонс, погледни услови на лиценца)

Подоцна попладнето, забележав нешто розево црвено од далечина, па отидов поблиску и го забележав [овој цвет] како тивко си цвета.

Еве некои делови од друг фото блог скајсикер


Фотографија од скајсикер (под Криејтив комонс лиценца, погледни услови)

Ред на црешови дрва на “Kишамичи”, шеталиште кое ги поврзува станицата Сакурагичо и просторот на новото пристаниште.
Тешко е да се опише убавината и јас не можам да се сетам на ниту еден збор со кој ќе го направам тоа.


Фотографија од Дани Чо (под Криејтив комонс лиценца, види услови)

Блогерот Блу Свон се осврнува на тоа зошто цветањето на црештите е толку специјално за јапонската култура:

Црешите се целосно расцветани. Овие дрва привлекуваат бубачки, тие не се толклу убави кога не цветаат, тие не можат да се искористат за никаква градба, нивниот плод не се јаде, цветот паѓа многу брзо, па така тие не се многу корисни дрва. Како и да е, Јапонците отсекогаш го сакале нивниот цвет… Тоа е затоа што чувството на “непостојаност” кое Јапонците го имаат уште од античко време се поклопува со постоењето на цветот. [Овие Јапонци] проектираа [слика на] човечки суштества кои умираат во момент на трепкање на окото врз ливчиња кои паѓаат во истиот момент на трепкање на окото. И потоа тие најдоа вредност во тоа.


Фотографија од спутник (под Криејтив комонс лиценца, види услови)

Блогот на спутник постави слики од цветањето на црешите во поле од расцветани репи од нивното “ханами’ патување, вклучувајки ја и погоре прикажаната, и напиша:

Излегов надвор повторно оваа година. Ханами на истото место како и минатата година. Навистина е многу убаво, и мило ми е што го направив тоа. Минатата година отидов таму токму пред пладне и имаше многу гужва, па така оваа година побрзав со утрински напад, пристигнав пред 7 часот изутрина. И сепак, бев прилично изненадена што неколку луѓе веќе беа таму…Но, поради ова можев да се релаксирам и да ги видам [цветовите]. Бледата розева боја на црешовите цветови и релаксирачката жолта од цветовите на репата, погледот на нежните бои ме тера да помислам дека рајот мора да изгледа вака.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.