· август, 2010

Написи за Одделено од август, 2010

Јордан: Големиот брат те набљудува!

Јорданските нетизени имаа грубо будење кога се раширија вестите [англиски] за осудувањето на Имад Ал – Аш на казна затвор од две години – за навреда на јорданскиот монарх преку инстант порака (IM – instant message) која му ја испратил на својот пријател. Студентот по компјутерски инженеринг наводно бил притворен...

Јужна Кореа: Забраната за телесно казнување во училиштата се соочува со отпор

  25 август 2010

Општеството во Јужна Кореја врие поради старата тема на телесно казнување во училиштата и откако во јавноста стигна веста за еден учител во основно училиште кој ги тепаше своите ученици. Контроверзијата беше распалена кога Министерството за образование во Сеул нареди забрана на било каков вид телесно казнување во сите училишта.

Индија: Следење на сообраќајни прекршоци преку Фејсбук

  25 август 2010

Претстојните Комонвелт игри во Делхи се очекува да донесат голем број на работи во градот: атлетичари, туристи и нешто помалку возбудливо, сообраќај. За подобро следење на ситуацијата, Собраќајната полиција во Делхи (ДТП) почна да го користи Фејсбук за собирање информации во врска со сообраќајните прекршоци. Проектот предизвика многу внимание од...

Мароко: Приказани за Рамазан

Во Мароко, како и во цел „муслимански свет“, почна Рамазан, а со тоа и блогерите почнаа да ги пишуваат нивните искуства. За секој оној кој е во Мароко, без оглед дали го слави празникот, дали е странец во земјата или е само среќник кој е дел од Ифтар, Рамазан е...

Кина: Приказни за визите

  19 август 2010

Со целиот економски раст во Кина изминативе неколку декади и зголемениот број на туристи, дали визните барања за кинеските граѓани одговараат на напредокот во земјата? Добро поткованиот новинар Чен Зикун го споделува своето искуство, па сами одлучете дали и како може да го споредите со вашето.

Кина: Сексуалните работнички бараат легализација, организаторот притворен

  17 август 2010

Доколку проституцијата не ги повредува современите културни норми, аргументираат секс активистите, тогаш зошто законот не го рефлектира тоа? Само пред неколку денови откако група во Централна Кина излезе на улиците да собере поддршка за борбата за социјален статус на сексуалните работнички, организаторот беше приведен од полицијата.

Кина: Јас сум Лиу Ксианбин

  16 август 2010

Најпрво, кој е Лиу Ксианбин (劉賢斌)? Лиу е 42-годишник кој поминал речиси една третина од својот живот во затвор. Сега е пак во притвор. Подолу е сликата од профилот на Лиу: Значи што направил? Во 1989, кога имаше 20 години, како млад студент на универзитетот, тој учествуваше во демократското движење...

Фото-блогерите го прикажуваат Авганистан од поразличен аспект

Со објавување на фотографии од различни аспекти на нивната земја, авганистанските фото-блогери го прикажуваат Авганистан поразлично од војна и Wikileaks. Насим Фекрат, наградуван авганистански блогер,ни ги прикажува двете убави страни на Авганистан – природната убавина на земјата – како и „грдата“ страна, сиромаштијата. Убавината на Авганистан Насим напиша: Бенд-е Амир...

Борнео: Обединување на блогерите преку Borneo Colours

  12 август 2010

Borneo Colours е веб страница која ги поврзува блогерите од Брунеј, Сабах, Саравак, Лабуан (Малезија) и Калимантан (Индонезија) кои се лоцирани на островот Борнео. Оваа страница е платформа за блогерите од овој регион да се поврзат меѓусебно и да шират поголемо разбирање за нивните соседи. До денес, Borneo Colours или...

Мароко: „Моето лето со книга”

Во свет потопен во дигиталната технологија, каде графичките табли и е - книгите читателите ги добиваат поевтино и се подостапни за пошироката јавност секој ден, дали остана место за добрите стари печатени книги? За некои марокански блогери одговорот е ДА , а и технологијата е тука за да докаже дека се во право.