· март, 2012

Написи за Одделено од март, 2012

Светски ден на миење раце: Промена на однесувањето преку песна и танцување

  30 март 2012

Дали знаете како правилно да си ги измиете рацете? Преку песна и танцување, луѓе од различни делови на светот ги учат другите за правилниот начин на миење раце, со цел да промовираат здравје. 15 октомври, 2011 е Светски ден на миење раце, и со слоганот „Чистите раце спасуваат животи“, во...

Љубовно писмо од Израел до Иран

Љубовна порака од Израелците до Иранците звучи како бајка во овие тензични времиња кога владите на Израел и Иран не штедат зборови за заканување. Ваков пример гледаме во една кампања на Фејсбук започната од Пушпин Мехина (вистинско име Рони) кој на својот профил објавил: „Никогаш нема да ја бомбардираме вашата...

Мали: Граѓаните се вџашени од ненадејниот воен удар

Побунети војници објавија дека ја преземаат власта во Мали, откако ја зазеле зградата на телевизијата и претседателската палата. Тие велат дека Владата не успеала адекватно да ги поддржи нивните трупи во сè понасилната борба со таурешките бунтовници на северот на земјата.

Мали: Соочување со сецесија и глад во очекување на избори

Мали се соочува со критични предизвици додека ги подготвува претседателските избори закажани за 29 април. По соборувањето на Гадафи во Либија, од таму се враќаат вооружени групи Туарези кои се закануваат со отцепување на територијата Азавад, односно Северен Мали.

Русија: Секс, жени, Путин и снимки

Рунет Ехо  14 март 2012

Овој напис е дел од нашата специјална репортажа за Избори во Русија 2011/2012. Младите жени, кои минатото лето ги повикуваа истомислениците да ја искинат својата облека за Путин, се чини дека исчезнаа од сцената откако беа на насловните страни неколку недели по ред. Како што се ближи завршницата на изборната...

Гвинеја: Борбата на Надин Бари за намалување на сиромаштијата во Гвинеја

Надин Бари е Французинка која половина од времето го поминува во Гвинеја во Западна Африка, а другата половина на францускиот остров Реунион на Индискиот Океан. Г-ѓа Бари го загубила својот сопруг Абдулај „Џибрил“ Бари во текот на еден од насилните бунтови во Гвинеја кои беа вообичаени во време на диктатурата...

Свет: Глобален марш против сирискиот диктатор

На 15 март се навршува една година од почетокот на револуцијата во Сирија. Иницијативата наречена „Глобален марш за Сирија“ се стреми да ги поттикне луѓето од целиот свет да излезат на улиците на 15, 16 или 17 март за да ја искажат поддршката за борбата на сирискиот народ.

Малдиви: Претседателот даде оставка веднаш по бунтот

  8 март 2012

Мохамед Нашид, претседателот на Малдивите, ја објави својата оставка во вторникот на 7 февруари, 2012, по приклучувањето на воените сили кон полицискиот бунт полицијата против негововто владеење. Нашид положи свечена заклетва во ноември 2008 по првите демократски повеќепартиски избори во земјата. Тој беше во внатрешноста на воениот штаб кога армијата...

Русија: Човечки ботови се борат со опозицијата

Растот на софистицираноста на контролата на Интернет значи и дека нови техники се додаваат во арсеналот за политички измами и дискредитација. Вадим Исаков го анализира феноменот на „човечки ботови“ - платени коментатори чија цел е да создадат хаос од конструктивните дискусии.

Обединето Кралство: Лондон гори (видеа)

  1 март 2012

Револтот поради полициското убиство на 29 годишно момче во Тотенхем, северен Лондон, на 4-ти август, 2011 година, дополнет со расна тензија, прерасна во бунт и пљачкосување на младите низ Лондон и други градови во Обединетото Кралство. На Твитер, хаштагот #LondonRiots е постојано ажуриран со нови коментари, линкови, гласини и извештаи...