(Овој напис е превод од оригиналниот напис на француски на Глобал војсис на француски)
На 15 август, телевизискиот канал France 4 емитуваше документарец насловен како: „Кој се плаши од циганите?“ снимен во 2009 од Џон Пол Леперс. Le post пишува [француски]:
… Документарец кој може да се покаже како непроценлив во овие проблематични времиња кога политичарите решиле да ја стават патувачката заедница [француски] пред јавен гнев.
Многу однапред создадени идеи кои се вкотвени во нас уште од почетокот на времињата (ние како луѓе кои живото го поминуваат седејќи или како што тие не нарекуваат „gadjes“) прават да веруваме дека тие се крадци, луѓе кои се валкани и сиромашни.
Вистина е дека се различни од нас и дека во име на нивната слобода тие игнорираат одредени правила на нашето општество. Но, дали и државата го почитува законот поврзан со ова прашање? Дали декретот на Бесон кој одредува дека градови со повеќе од 5,000 луѓе мораат да обезбедат земја за патувачката заедница некогаш бил почитуван? А, 10 години подоцна? Само 20% од градовите го променуваат законот додека останатите го кршат беа никакви казни.
И додека растурањето на камповите и исклучувањето на Ромите [француски] најавено од претседателот Саркози и министерот за внатрешни работи Брис Хортефо се во полн ек со тивко одобрување од мнозинското јавно мислење, започнаа да се појавуваат одредени сомнежи дури и внатре во УМП [француски] (владејачката партија) и блогери кои вообичаено не се вклучуваат во овие дебати едноставно не можеа, а да не го изразат својот бес.
Bienvenue chez les roms, блог кој се објавува во весникот La Tribune de Genève, пронашол музичар од Унгарија кој случајно се вика Саркози, [француски] и со нас ги подели овие духовити досетки:
Ова е често име помеѓу Ромите во Унгарија, нема да шпекулирам дека нашиот Саркози е со ромско потекло, но можноста не е исклучена. Всушност, идентификував музичар кој свири во група наречена ѓаволските Роми. Што ако нашиот Саркози беше еден од нив? Ѓаволскиот кој си го заборавил своето потекло, своето чувство за ритам и песни и не остава со бучната какофонија како врв на тоа што има криза на идентитетот, но своите напади ги фокусира врз ромскиот народ.
Bah by CC се прави [француски] наивен :
Ги видов Ромите на телевизија. Воопшто не личеа онака како што ги опиша Хортефо. Не поседуваа големи германски автомобили. Хортефо има историја на мешање на арапите со Овернатите, па познавањето на ова прашање не е многу добро,…освен ако грешката не е намерна?[француски] Во секој случај, Ромите не телевизијата изгледаа мизерно. Имаа стари камп приколки во кои спиеја и кои не требаше да бидат преместени.
Вообичаените теми од најновото од блоговите се: „фотографии, дигитална култура и современа уметност“. Но, авторот ја изрази својата лутина затоа што повисоките сфери на државата нишанат кон лесна и ранлива цел каква што се Циганите. Во напис на Оwni насловен како двонеделни вести за Ромите, тој на својот блог дава длабока анализа[француски]:
Постои и друго прашање. Мене ми изгледа дека оваа номадска популација кажува многу повеќе за нас, дека тие се само зрно песок во добро подмачканата машинерија. Тие беа маслото што и даваше на машината да работи уште од времето кога Ромите беа насоката на иновативната технологија, или само работна сила во критичната сезонска работа во земјоделскиот бизнис. И додека тие можат да бидат интегрирани како што и секогаш беа, нивниот начин на живот останува во несогласување со модерниот свет. Овој статус, место да се смета за трн во нашата страна, треба неизмерно да се вреднува, бидејќи многу ни кажува за самите себе (за нас седечките луѓе).
[…]
Не можам да теоретизирам, ми се чини дека „патувачките“ луѓе секогаш се на крстосниците на темите кои се насочени кон дигиталниот свет: пејзажи, патувања, меморија, надзор, профилирање, интелектуална сопственост (не патенти и авторски права туку тајни занаети и музички вештини) и во сите овие теми можеме да најдеме производство и користење на објектите.Потекнувајќи од Индија каде што биле приморани да бидат номади поради нивната валкана, но корисна работа (подмачкувачи и кројачи…) Ромите и после илјада години се уште се специјализирани во истите професии.Но во последните неколку декади, имам чувство дека не им се дава нивното место во општеството и дека тоа е поврзано со нашите врски со објектите.Автомобилите ги заменија коњите (ова беше критично за економијата на Ромите). Повеќе не ги остриме нашите ножеви, не ги полниме перниците ниту ги поправаме столовите, ништо повеќе не поправаме туку фрламе. Предметите секако се дизајнирани да се фрлат затоа што индустријата има интерес да купиме уште 5 слични предмети отколку еден да го поправиме како што треба. Можеби проблемите на Ромите се со маркетингот и дизајнот.
И додека демонтирањето на ромските кампови е во полн ек, големите шопинг центри не се стеснуваат да постават чувари кои ги следат Ромите. Уште полошо, некогаш им се забранува да влезат во продавниците. Дневниот весник România libera извести за такви настани во Руен и Ла Рошел.[…]Елена Б. Романка со ромски врски живее и работи во Руен. Таа вели: „Порано, бевме слободни. Сега, само што ќе влеземе во продавница, тие веднаш утврдуваат дека си Ром од Романија и те следат се додека не излезеш од продавницата“ »
Таа ги разбира чувствата на мнозинството Французи иако: „Како прво, Ромите крадеа само храна, а Французите го толерираа тоа. Потоа некои го преминаа прагот и почнаа да крадат за подоцна да препродаваат. Сега тие дури крадат и скапи работи. Сега, не ни дозволено ниту да ги пробаме примероците од храната.“ »
Од друга страна пак, Бугарија изгледа како да е индиферентна кон судбината на нејзините граѓани во Западна Европа вели Le Courrier des Balkans:
Кога изгледало дека Бугарите се загрижени за прашањето на Ромите? Само кога пропаста на ова малцинство станува проблем на друга држава.
Веднаш, просечниот бугарски граѓанин кој верува дека Бугарија е во болка поради Отоманското владеење и кражбите извршени од Ромите ќе реагира на овој начин: „ Види, сега Европејците знаат што може да направат Ромите. Треба да сопрат да ги изнесуваат нивните човекови права и што ли не“… вистинскиот проблем е што бугарската влада не се однесува различно од обичниот бугарски граѓанин.
Дали „вметнатите села“ се одговорот? Café Babel истражуваше за нив, кои наводно се рај за Ромите и го изразува својот скептицизам:
Членовите на Европската унија два пати го спомнаа прашањето за време на сесијата посветена на интеграцијата на заедниците. Сепак, ништо конкретно не произлезе од тоа. Се е полошо и полошо. Во парламентот, сите зборуваа за тоа. Покажуваат дека се грижат, но никакви конкретни мерки не се преземени. Стратегијата мора да вклучува и текст според ситуацијата на Ромите. Всушност, тоа е многу итно. »
Помеѓу политичките желби и суровата реалност, Ромите секогаш се заробени во ничија земја. Некои од нивните претставници сметаат дека тоа би можело да трае уште една декада.
Што е италијанскиот еквивалент за селата во Франција? Ништо. Но таму нешто се случува. Градоначалникот на Рим, Џиани Алемано, кој прв вработи Ром во својот тим и градот Тревилио кој е земен како пример за интеграција.
Опис на фотографијата: фотографијата е на jespel од Фликр со лиценца на Криејтив комонс наведи извор – некомерцијално 2.0