Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Канада: „Исчезнувањето“ на домородните жени

Канадска жена на 19-иот годишен Меморијален марш во февруари 2010

Бидејќи  30 август е обележан како Меѓународен ден на исчезнатите лица, вести од Канада дека близу 600 домородни жени исчезнале во последните три декади се раширија надалеку, нашироко и низ целата канадска блогосфера. Активистите за човекови права тврдат дека канадската влада не направила доволно за да ги истражи исчезнувањата. Се смета дека повеќето од жените се убиени. Исто така, има и сомневања дека некои се жртви на екстра нелегални убиства.

Расистички систем?

Aмериканскиот блогер Кера Ловел (Kera Lovell) беше изненадена кога дозна за високата стапка на исчезнати домородни жени во Канада:

Сите ја сакаат Канада, ех? И никој не ти дава специфични детали за Канада освен дека: таму биле одржани две Олимпијади, во Квебек се зборува на француски и дека е позната по леденото вино, хокејот на мраз и сирупот. И Мајкл Мур е од таму.

Но што со нивните проблеми? Несомнено, Канада ги има истите расни, класни, полови проблеми итн. но, никогаш не сте чуле за нив, значи таму е фантастично. Нели?

Дознав набрзо од оваа Рабл (Rabble) статија објавена на Racialicious дека Канада има висока стапка на исчезнати и убиени домородни жени, броејќи околу 600 жени во последните 25 години, а половината од нив од 2000 година. И повеќе од половината од овие убиства се нерешени. УПМ?

Весникот на домородните Американци, Индијан Кантри Тудеј (Indian Country Today), објави четириделен фељтон за исчезнатите жени. 4-иот дел, објавен на 25 август, дискутира за канадската политика кон нејзината автохтона популација во врска со исчезнувањата. Како коментар на објавата, NY Indian Girl пишува:

СИСТЕМОТ е за срам. Таков систем е посеан во главите на домородците во Канада, САД итн. Системот стана менталитет за себе-невреднување, присилна асимилација, присилно иселување од родната земја итн. Како што на робовите има системско гледање на работите, вградено во нив, истот беше направено со ЦЕЛИОТ домороден народ. Кога вашиот народ е убиван поради неговата земја од туѓа нација и потоа присилен да го преземе мисловниот процес и начин на живот од таа нација, се крши она кои сте и му ја дава на окупаторот контролата која му треба за да ве држи. Ниеден од овие народи не бараше да му се случи тоа. И кога почна да се врти кругот, тешко е да се сопре. Затоа не ги обвинувајте оние кои не бараа да им се случи тоа, обвинете ги оние кои крадеа од нив, ги присилија да го преземат животот кој не беше и се уште не е нивен. Моите предци се истовремено и робови и домородци, затоа ги гледам и двете страни. Фала за статијата.

Улогата на медиумите

Блогерката Патриција, пишувајќи за Граѓански промени (Citizen Shift), известува за работилница во Монтреал за насилството кон жените и објаснува за улогата на медиумите во исчезнувањата:

Има 520 пријавени случаи за исчезнати домородни жени во Канада. Она што алармира, вели Робертсон, е како полицијата и медиумите не успеаја да го осознаат тоа. „Домородните семејства не знаат кому да се обратат.” Робертсон користи ужасен пример за три млади доморотки кои исчезнале во Квебек во  2006. Во исто време, младенче од лав исчезна од зоолошка. Ова имаше голема покриеност, но случаите со жените не. Полицијата не сакаше да се вмеша затоа што резерватите се под федерална јурисдикцијаа овие млади жени беа од резерватите. Случајот имаше трагичен крај кога телото на Tифани Морисон од Kaнаваке беше пронајдено летово, близу мостот Мерсиер.

Триша Бапти (Trisha Baptie), пишувајќи за  магазинот Таа сака (She Loves Magazine), ја повикува јавноста да обрати еднакво внимание на очајната ситуација на домородните канадски жени:

Моите Фејсбук вести се постојан извор за две нешта последнава недела: едната е за бел, 30 и нешто годишен, висок (всушност, многу висок) човек, со чевли бр. 16 наречен  Tајлер кој отишол на планина пред две недели и не е виден оттогаш, ниту се чуло за него. Тајлер е супер. Имаме многу заеднички пријатели; тој е планинар и се надевам и верувам дека наскоро ќе биде пронајден…

…За волја на вистината има стотици исчезнати, најчесто домородни жени низ цела Канада. Она што е различно во овие две приказни е дека не се потроши ништо за Тајлер. Всушност, се организираат донации за потрагата по Тајлер, а никој не се потруди да ги пронајде моите сестри. Со зборовите на Лаура Холанд, член на мрежата за Акција на домородната жена (Aboriginal Women’s Action Network)- (AWAN): „Моите сестри, моите совршени сестри не беа сметани доволно совршени како жртви и сведоци за полицијата и обвинителите од Ванкувер.” И во ова лежи проблемот. Сфатете го ова како тешка тема за да се допре. Сфатете дека сакам да се пронајде Тајлер. Се молам да е жив. Сакам хеликоптери, инфра-црвени камери, тимови за спасување и се што може да се искористи за да се најде.

Дури и моето прашање е зошто општеството не го прави ова за жените, исчезнати низ целата земја? Зошто под изговорот „нестабилен живот” ,„зависности”, „бездомништво” и „проститутки” ние ги напуштаме? Зошто нивната маргинализација од општеството е вистинскиот изговор кој го користиме за да не  им се посветиме со целото срце. Со самото Божјо срце? Зар Тој не ја бараше едната овца која се оддалечила од стадото? Зар Исус не рече-Сакајте го и последниот од овие?

Фотографија од nofutureface достапна под Криејтив комонс Наведи извор 2.0 лиценца

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.