Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

МЕНА: Прославен светскиот ден против хомофобија

17-ти мај го означува светскиот ден против хомофобија и трансфобија. И покрај хомосексуалните движења кои сè уште се казнети со закон во сите средно-источни земји и во северна Африка со исклучок на Израел, сепак постојат многу иницијативи насекаде во тие региони кои го обележуваат овој ден, во соработка со издигнатите организации базирани на успешните настани од претходните години.

Слоган од протестите во Бејрут кој се чита: „Mithly Milthlak”; игра на зборови која наведува дека хомосексуалците не се различни од другите луѓе.

Според GayMaroc, 2010 е втора година на локални прослави
Оваа година програмата на настани беше организирана од КифКаф, мароканска организација за правата на хомосексуалците, формирана во 2004.
Програмата на настани вклучуваше говори како следниве :

Реалноста против митовите:
„Сите хомосексуалци имаат сида, хомосексуалците се педофили, хомосексуалците претставуваат закана за иднината на човековата раса…”
Овие примери и многу други митови како и намерно манипулирани реалности, постојано кружат во Мароко кога се зборува за хомосексуалноста. На оваа конференција, Мариам Абдалах (поранешен координатор на КифКаф) ќе проба да одговори на многу од овие прашања.

Заедно со една театрална претстава, наречена „мајка ми љуби жени!“ посветена на лезбејството во Мароко, филм во кој е обработена хомосексуалноста и во кој е претставено како таа се искусува во конфликтните зони.

Во меѓувреме, во Бејрут, Лебанон, активностите се одвиваат за време на неколку дена и се спонзорирани од весникот Ал-Акбар и претставени во позитивно светло.
Хелем, здружение од Бејрут, оваа година организираше настани под име أنا شاذ (Јас сум необичен).

تنظم حلم هذه السنة اليوم العالمي لمكافحة رهاب المثلية والتحول الجنسي تحت عنوان :أنا شاذ!
قد تحمل تلك الكلمة في مضمونها معانٍ استفزازية للكثيرين، إلا أننا اخترنا أن ننضم إلى مَن يعتبرهم المجتمع بأطرافه الحاكمة شواذاً. أحرار الجنس في لبنان اختاروا واخترن التضامن.

Овогодишната тема на Хелем гласи: Јас сум чуден. Овој збор самиот по себе е провокативен и може да вознемири многу луѓе, но е избран за да ги поддржува сите оние кои се гледани како необични или изопачени, од страна на владините аспекти на општеството. ЛГБТ заедницата во Лебанон одлучи да стои цврсто во солидарноста.

ЛГБТ активизмот во Лебанон е најактивниот во арапскиот свет, кој опстојува веќе 10 години.
Дадените настани го вклучуваат и следново:

عرض وثائقي عن النشاط السياسي للم.م.م.م.م. خلال العقد الأخير
منتدى مسرحي حول رُهاب المثلية والتحول الجنسي, الجنسانية, التضامن, عمّال وعملات الجنس, إلخ..
ندوة حول التمييز، والتضامن: غسان مكارم, رشا مومنة, نرمين الحرّ, نادين معوّض
اعتصام في شارع الحمرا, مسرح المدينة

Документарец за активизмот за правата на ЛГБТ во Лебанон за време од 10 години
Форум-театар за хомофобија, трансфобија, сексуалност, солидарност, полот за вработеноста, итн.
Листа на дискриминација и солидарност: Гасам Макарем, Раша Моумнек, Нермине Ал-Хор, Надине Мовард
Протести на: Улица Хамра, Ал-Мадина театарот

Активисти на Ал-Хамра, Бејрут, на светскиот ден против хомофобија и трансфобија

Надз, кој присуствуваше на активностите, има забелешки за одвивањето на настаните на онлајн магазинот Меем, Бекшсос:

Настанот поттикна многу теми во мојата глава – и на многумина други во публиката кои поставуваа прашања од типот: „Што е следно?“, „Што сега?“, “„Што сме постигнале во изминатава декада?“ Проучувајќи ги лицата на 80-годишни луѓе во публиката, препознав многумина дали активисти или само познати фаци од ЛГБТ заедницата и гледам дека повторно сме влегле во истиот циклус на попување на веќе преобратените.

Постот е проследен со жива дискусија за тоа како да се продолжи со движење во Либански контекст.

Во меѓувреме, во блогосферата од останатиот арапски свет, нема трага од дискусии за прослави или настани; можеби тоа е рефлексија од ситуацијата на правата на ЛГБТ во овој регион и од потребата за одржување на приватноста.

Групата Ираки ЛГБТ, својата цел ја опишуваат вака:

Нашиот моментален, итен приоритет е да им помогнеме на лезбејките, педерите, бисексуалците и трансексуалските жители на Ирак кои се соочуваат со смртта, прогонувањето и систематското таргетирање од страна на ирачката полиција, Бадр и Садр Милитиа и да се поттикне свеста за бранот на убијци на хомофоби во Ирак до надворешниот свет.

кои дејствуваат надвор од Обединетото Кралство и ќе одржат говори во среда на 19 мај, во Лондон, од каде што групата може безбедно да работи и да нуди програма со настани фокусирана на хомосексуалците во Ирак.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.