Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Чиле: Прва земја што донесе закон за неутралност на интернет

По скоро три години дискусии, Чиле го одобри Законот за неутралност на интернет [шпански], кој вклучува дополнителни три членови на генералниот Закон за телекомуникации.

Измените имплицираат, покрај другите работи, дека интернет провајдерите нема да бидат во можност произволно да блокираат, интерферираат, дискриминираат, спречуваат или ограничуваат содржина, апликација или легални сервиси, кои корисниците ги посетуваат на своите мрежи. Дополнително, измените вклучуваат задолжение да се направи транспарентна информацијата за плановите за поврзување и да се овозможи опција за родителска контрола на трошок на барателот. Донесувањето на овој закон беше прифатен како голема победа за принципот на неутралност на интернет и Чиле е наведена како првата земја која го има применето овој принцип со закон.


Видео кое ја објаснува неутралноста на интернет од Public Knowledge, користена под Наведи извор-Некомерцијално-Сподели под исти услови 2.5 Криејтив комонс лиценца.

Еден од најважните елементи на овој нов закон е што неговата иницијатива беше промовирана од група на граѓани, организирани преку заедницата Neutralidad Sí [шпански], кои ги убедија претставниците на Конгресот за важноста од ваков закон, со кој се гарантира правото на корисниците. Претходно, оваа група од корисници работеше напорно за да покаже дека најголемите интернет провајдери имаа постапки спротивни на принципот на неутралност, како на пример блокирање на порти преку кои се споделуваат P2P фајлови [шпански].

Филипе Моранди, Министер за транспорт и телекомуникации, рече дека [шпански], „Тоа е значаен чекор кон поголема транспарентност во пазарот на широкопојасен интернет, стимулирајќи натпревар за поквалитетни услуги, што е едно од најважните елементи во нашата јавна политика за телекомуникациите“, и тој истакна дека законот, „ја става нашата земја на самиот врв кога станува збор на неутралност на интернет. Тој покажува дека постои политичка волја во Чиле да се модернизира регулацијата на телекомуникациите и да се заштитат корисниците. Тоа е патот кој ние го следиме за граѓаните да имаат поголема корист.“

Иницијативата, генерално добро е прифатена од јавноста, како на пример на ChileGeek, каде Диего Нарвез спомнува [шпански] четири причини зошто ова е добра легислатива, истакнува дека:

con este proyecto la legislación se pone a la vanguardia respecto a otros países como EEUU y comunidad Europea, en donde la neutralidad de la red no se encuentra legislada por el fuerte lobby que efectúan las empresas de telecomunicaciones y proveedoras de acceso.

со овој проект, законот е на прво место во однос на другите земји како САД и Европската унија, каде неутралноста на интернет не е опфатена со закон поради силното лоби од телекомуникациските компании и провајдери.

Но, сите не го одобруваат. Иако закон за вака важна работа изгледа како позитивна вест, постојат сомнежи за вистинскиот опфат на неодамна донесениот закон. На Blawger, блог специјализиран во правни работи, Мигел Морачимо вели дека [шпански]:

El proyecto ha sido denominado de “neutralidad de red” pero en verdad señala obligaciones diversas para los ISPs y las empresas de telecomunicaciones que les provean de servicios, entre las cuales está la de no discriminación arbitraria en la capa de aplicaciones, servicios o contenidos legales con efectos anticompetitivos. Sin embargo, la no discriminación es una obligación que ya está presente en la regulación sectorial chilena

Проектот се нарекува „неутралност на интернет“, но во реалност насочува кон различни обврски за интернет провајдерите и телекомуникациски компании кои нудат сервиси, кои вклучуваат неосновани дискриминации на апликации, сервиси или содржини со анти-конкурентски ефекти. Меѓутоа, недискиминацијата е обврска која веќе е присутна во законите на Чиле.

Слично, невладината организација Дигитални права (Derechos Digitales), организација од Чиле која се занимава со бранење на дигиталните права, исто така искажа загриженост за новиот закон [шпански], изјавувајќи дека:

La consagración legal de la neutralidad no es absoluta, sino que se configura como un derecho de los usuarios sujeto a límites importantes. Por una parte, al establecer la ley que los prestadores de Internet “No podrán arbitrariamente bloquear, interferir, discriminar, entorpecer ni restringir” el derecho a usar contenidos y redes (Art. 24 H a), deja abierta la posibilidad de intervención en la medida en que ésta no sera arbitraria.

Junto con lo anterior, la neutralidad es garantizada como un derecho a utilizar contenidos o servicios y realizar actividades de carácter legal a través de Internet sin dicha intervención discriminatoria. En consecuencia, un uso ilegal autorizaría al proveedor de conexión a ejercer medidas contrarias al principio de neutralidad.

Законското посветување на неутралноста не е апсолутно, туку е заменето со право на корисниците на ограничувања. Од друга страна, со донесување на закон со кој интернет провајдерите „Не смеат произволно да го блокираат, интерферираат, дискриминираат, спречуваат или ограничуваат“ правото за користење содржини и мрежи (Член 24 H a), се остава отворена можноста од интервенција доколку таа не е произволна.

Заедно со ова, неутралноста е гарантирана како можност за користење на содржини и сервиси и извршување активности од легален карактер преку Интернетот, без такви дискриминирачки интервенции. Затоа, нелегалната употреба ќе им овозможи на провајдерите да преземат мерки спротивни на принципот на неутралност.

Накратко, законот е гледан како интересен проект во неговите намери, но непредвидлив во неговите ефекти и делување. Многу од празнините ќе бидат пополнети со регулативи кои ќе бидат објавени за деведесет дена, но таа содржина нема да биде на јавна дебата како што беше текстот од законот. Во исто време, интересно е да се наспомне дека граѓанската организација, пред политичката иницијатива, е група која се обидуваше да ги прикаже предизвиците кои се наметнати од дигиталниот свет.

Фотографијата користена на насловна страна „Во одбрана на Интернетот“ е поставена од Flickr корисникот Tonymadrid Photography, користена под Наведи извор-Некомерцијално-Без адаптирани дела 2.0 Криејтив комонс лиценца.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.