Бразилскиот претседател Лула да Силва свечено го воведе најголемиот графит на светот нацртан на повеќе од 37 000 квадратни стапки во регионот Фоз до Игуачу. Овој регион, познат по водопадите Игуачу и по тромеѓето каде границите на Парагвај, Бразил и Аргентина се сретнуваат, ќе биде отсега дом на декорираниот автопат во чест на детските и тинејџерски права.
Кликнете овде, регионален онлајн портал за вести и може да го видите водопадскиот регион со специјална снимка од овој уметнички напор кој има за цел да не ги наклеветува графитите, туку да го подобри градот и да ја зголеми свеста за детските и тинејџерски права. На следново видео, претседателот Лула свечено го воведува проектот, потпишувајќи се со спреј, а уметниците дискутираат за својата натамошна работа на позадина која покажува светло нацртан автопат:
Графити артисти од Бразил , Аргентина и Парагвај работеа на автопатот 10 дена без прекин, припремајќи се за настанот. Од Парагвај, беа вклучени артистите Еди, Атак, Оз и Приз кои се припадници на парагвајскиот колектив „Јопара”. Од аргентинска страна учествуваше колективот „Групо ви!” а од Бразил „Понтело”, „Озогласената дружина” и колективот „Доста е!” создаден од Сика, Лалан, Мајкл и други.
Присилија Бенитез (Приз) од Парагвај го направи ова видео од тековната графити изработка. Ве молиме прибележете ги скејтбордите: тие беа клучни во пренесувањето на боја и артисти по автопатот:
На нејзиниот блог Punkgodangell таа кажува за нејзиното искуство како единствена девојка во оваа меѓународна дружина на графити артисти, за заземањето на голема задача при цртањето на овој огромен ѕид во одредено време, додека часовникот одбројува, напорниот распоред, како таа научила нови вештини (вклучувајќи го и возењето скејтборд) и за тоа како сите тие се справувале при работењето во мулти-културно опкружување:
Es todo un tema trabajar en equipo con gente que conoces por primera vez. Las relaciones humanas son complicadas y mas todavia cuando se trata de una triple frontera; cada artista tiene un estilo distinto, una manera de trabajar distinta y un lenguaje distinto. Conseguir que todo eso llegue a un acuerdo no es fácil, pero lo conseguimos. El objetivo final era uno en común y unimos fuerzas.
Повеќе слики од насликаниот автопат може да видите на сопствените страници на артистите: Eddy, Oz, Priz, Pontello и Infames Crew.