Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Африка: ХИВ позитивните жени стерилизирани, дискриминирани и стигматизирани

На 31 август 2010, PlusNews и IRIN во Јоханесбург ја објавија приказната за Вероника (псевдомин), ХИВ позитивна жена, која открила дека била стерилизирана од болничарките без никакво предупредување [француски]:

Вероника* не знаела дека е стерилизирана при раѓањето на ќерката се до четири години подоцна, кога после неуспехот да забремени, таа и нејзиното момче се консултирале со лекар.
„Си реков ‘добро’, бидејќи и не можев да направам ништо до тогаш, ама ги мразев [болничарките]”, им кажала таа на IRIN/PlusNews. Вероника открила дека е ХИВ позитивна за време на рутински преднатален преглед и ѝ бил даден формулар да потпише од болничарките во болницата, каде што отишла да се породи.
„Не знаев за што е тоа, но се потпишав,“ рече Вероника која во тоа време имала 18 години и била прекорувана од болничарките затоа што не била мажена.

На 4 јуни, Servaas van den Bosch од IPS запраша: «Дали намибиските жени присилно се стерилизираат? (Les femmes sont-elles en train d’être stérilisées de force?)»[француски] :

Un procès historique, prétendant que des femmes séropositives ont été stérilisées de force dans des hôpitaux publics en Namibie, a commencé le 1er juin à la Haute cour à Windhoek, la capitale du pays.
Des groupes de défense des droits humains affirment que la pratique a continué longtemps après que les autorités ont été informées.
Le Centre d'assistance juridique (LAC) basé à Windhoek est en train de défendre 15 cas présumés de stérilisation forcée. Les cas de trois femmes seront entendus au début. Chaque femme demande l'équivalent de 132.000 dollars US de dommages et intérêts.

Историско судење се случуваше на 1 јуни во Високиот суд на главниот град Виндхоек. ХИВ позитивни жени потврдија дека биле стерилизирани на сила во државните болници во Намибија.
Активист за човекови права потврди дека праксата продолжила долго откако властите биле информирани.
Центарот за правна помош (LAC) сместен во Виндхоек брани 15 случаи за наводна насилна стерилизација. Најпрво ќе бидат сослушани три случаи и секоја жена бара по 132,000 американски долари за штета и камата.

Првите случаи на стерилизација беа откриени од Меѓународната заедница на жени (ICW) кои живеат со СИДА. Veronica Kalambi од ICW тврди [француски]:

Les premiers cas sont apparus au cours des réunions communautaires au début de 2008. Dans les mois qui ont suivi, nous avons interrogé 230 femmes, parmi lesquelles 40 ont été stérilisées contre leur gré”,

Првите случаи се појавија за време на заеднички состанок во почетокот на 2008. Следните месеци интервјуиравме 230 жени, од кои 40 беа стерилизирани без нивна согласност.

Реагирајќи на написот за присилната стерилизација во 2009 во Намибија во делот за коментари Maxi дава мислење:

Неверојатно брутално!- дали ги кастрирате ХИВ позитивните мажи? Значи правилото на др. Менгел сè уште живее во Намибија. Каков срам, овие лекари кои ја уништиле етиката во својата мисија.

Zimunina M. додава:

Здраво! Драг докторе, што ќе им кажеш на овие жени кои само што ги стерилизираше ако утре во Намибија се појави лек за СИДАТА? По мое мислење, ти треба да си во затвор и владата и Светската здравствена организација WHO треба да ти ја земат дипломата.

Веб сајтот osi.bouake.free.fr исто така објави напис од The Guardian на Дејвид Смит од Јоханесбург кој ја потврди оваа практика:

Во Јужна Африка, на Женскиот правен центар му беа посочени случаи за можна акција. Промис Мтембу, истражувач на Универзитетот Митватерсренд рече дека принудната стерилизација се случувала на „многу широко подрачје“ од земјата. Многу пациенти биле принудени да ја извршат операцијата како единствен начин на добивање на медицински услуги, Мтембу му кажал на весникот Mail & Guardian.

rmbengou, на AIDS RIGHTS CONGO исто така ги потврдува овие медицински практики. Тој тоа го пишува во пост насловен како: „Во Централна Африка, ХИВ позитивните жени се обвинувани поради нивната сексуалност“:

Габриел Малиере, главен на програмата AHVV, потенцира дека „однесувањето на медицинскиот персонал е за жалење. После нивниот преднатален преглед, ХИВ позитивните жени се осудени поради фактот што се бремени“

Од ХИВ позитивните жени се очекува да се откажат од сексот и од зачнувањето. Па, жените се осудувани поради нивната сексуалност. Јафота – Каие, член на Националниот конгрес на млади жени кои живеат со ХИВ/СИДА тврди: „Згора на се, тука се и злобните зборови и студенилото на некои бабици, за време на раѓањето спрема жените ХИВ позитивни“

Во истиот напис тој навестува дека во тек се неколку проекти со цел да се смени оваа ситуација:

Други јавни кампањи, ХИВ/АИДС скрининг филмови и дебати околу правата на ХИВ позитивните луѓе, беа организирани на 8 и 9 декември, 2009, во северозападен Бангуи и во осмиот округ. За време на овие кампањи, беа претставен говорници на следните теми, кои беа посебно избрани за овој образовен ден: „И јас сум сигурен, јас сум прифатен, јас примам медицински третман, цврсто ги поседувам своите права, правото на живот и на благосостојба.“

За несреќа овие не се изолирани случаи. Во напис на afrik.com, Habibou Bangré открива дека [француски]:

…exceptée celle du Togo, toutes les lois des pays africains – et celles d’autres Etats hors du continent – peuvent s’appliquer pour pénaliser la transmission du VIH de la mère à l’enfant. En conséquence, une femme séropositive qui transmettrait le virus à son enfant au cours de la grossesse, l’accouchement ou l’allaitement pourrait être poursuivie en justice. La Sierra-Leone va même plus loin et condamne spécifiquement la transmission mère-enfant, remettant ainsi en cause le droit des femmes séropositives à procréer.

Освен Того, законите во повеќето африкански земји и всушност надвор од континентот, може да се имплементираат на начин што ќе се казнува преносот на ХИВ од мајка на дете. Според тоа, ХИВ позитивна жена која ќе го пренесе вирусот на детето за време на бременоста, раѓањето или доењето може да се обвини на суд. Во Сиера Леоне, тоа оди и понатаму што посебно го осудува преносот од мајка на дете, и со тоа ги поништува репродуктивните права на ХИВ позитивните жени.

Двајца блогери беа бесни и коментираа:

pvvih вели :

Држава која презема такви мерки мора најпрво да направи ARV да биде достапен за сите. Јас сум африкански студент и земам ARV. Многумина сметаат дека ARV е лек кој не е многу едноставен за земање. Некогаш тој носи повеќе страдање отколку добро. Државите мора да ги поддржуваат истражувањата за подобро лекување и за тоа да даваат повеќе пари.

Mona додава:

Некои од овие жени биле злоупотребени, тепани и силувани. Зошто сега да бидат казнети? И каде се мажите во сето ова, немаат ли тие некаква одговорност? Ајде да ги излечиме жените, место да ги казниме. Да има дадеме контрацепција, насоки и др… ова навистина е скандалозно.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.