Бразил: Судиите не го разликуваат ЈуТјуб од У2

Највисокиот изборен суд (ТСЕ на португалски) пред некој ден одржа состанок за да ја изработи резолуцијата со која ќе се раководи користењето на интернетот во изборната кампања за локалните избори во 2008 година. Помеѓу овие критикувани резолуции беше Одредбата 4 [pt] во која се наведува следново:

Одредба 4. Емитувањето на било која политичка пропаганда на интернет, радио или телевизија – вклучувајќи ги, меѓу другите, радијата на заедниците или телевизиските канали кои дејствуваат на УХФ, ВХФ или со претплата – и митинзи и јавни собири се забранети од 48 часа пред до 24 часа по изборите.

Ова води до толкување дека постовите на блоговите и вестите напишани ден пред изборите ќе бидат забранети на денот на изборите, според блогерот Џорџ Алберто Араујо [pt], кој ја толкува резолуцијата исто како да им се забрани на луѓето да ги читаат весниците од претходниот ден на денот на изборите:

Спречувањето на ширењето на политичката содржина на интернет на денот на изборите дава впечаток дека ТСЕ, во иднина, ќе признае дека ќе има слободно рекламирање на веб, нешто слично на: „го прекинуваме нормалниот распоред (читањето на овој блог, на пример) за да емитуваме бесплатно политичко рекламирање под законот…“ Тоа е апсурдно, нели? Јас и ти веруваме во тоа. По се изгледа ТСЕ не верува.

Исфрлање на телевизор

Адвокатот Адауто де Андраде [pt] ја објавува сликата погоре и дава две свои мислења:

Интернетот не е телевизија. Интернетот не е радио. Ти „одиш“ на интернет, не „доаѓа“ тој  кај тебе. Дали е можно ТСЕ да не прави ништо добро?

Друг бразилски блогер и судија Џорџ Мармелстен [pt] ја гледаше сесијата на ТСЕ во живо. Следуваат накратко неговите импресии:

Како што го слушав презентирањето на аргументите, бев многу изненаден од недостатокот на знаење од страна на министрите за да разберат што всушност е интернетот. Изгледаше – и ова беше многу силен впечаток – како да не знаат за што зборуваат. За да ја добиете сликата, ЈуТјуб беше претворен во У2.

Меѓутоа, не чини ништо, беше позицијата на министерот Карлос Аурес Брито. Тој рече нешто со што се согласувам: кога станува збор за слободно изразување, судството не треба да се обидува да го регулира интернетот без да знае што точно е. Обидите да се направи интернетот еднаков со другите медиуми е сериозна работа. Интернетот, за разлика од традиционалните медиуми, нема сопственик и информацијата е бесплатна.

На крајот, одлуката беше дека тие немаат јасна слика за што одлучуваат во тој момент. Беше одлучено поради појавување на проблеми, тие треба да решаваат случај по случај. Ова е одлично за адвокатите и лошо за гласачите, кои се оставени со Дамоклов меч, наведнувајќи ги своите глави без да знаат што им е дозволено, а што не.

Во меѓувреме, збунетоста се шири, со погрешните информации и погрешното толкување кое се шири по блоговите, весниците и другите медиуми – сите изгледаат збунето.

Глобал војсис онлајн внимателно ја следи дискусијата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.