Иран: Зелени активисти преку движење и фотографии

Зелените (еколошки) блогови се важен извор за разбирање на природата и животната околина во Иран, со сите проблеми и предизвици. Зелените блогери активно учествуваат во кампањи за заштита на природата и животните. Тие објавуваат написи, приказни и фотографии, а организираат конференции и демонстрации. Во овој пост правиме преглед на зелениот активизам во Иран од минатата година преку очите на блогерите.

Следуваат неколку фотографии од уметничката еколошка активност за протестирање против уништувањето на природата и ловењето животни.

Уметноста и животната околина

Мојдан Јамшиди објави [фа] неколку фотографии од неодамнешниот уметнички фестивал во северниот град Ношар. Фотографиите се на Ахмад Надалјан и Рахале Зомороднја:

Некои протестираа против затворањето животни во кафези

и против ловот:

Протест

Хамнахад објави [фа] фотографии од демонстраторите кои минатата година протестираа против присуството на италијански циркус во Техеран. Тие носеа фотографии од неколку животни врзани со синџири со слогани како „Сакајте нè на слобода, а не во синџири” или „Родените во заробеништво немаат волја за живот”.

Предупредување

На неговиот блог, Мохамед Дарвиш пиша [фа] за конференцијата на тема изградба на големи брани, нивните последици и алтернативи, на која тој бил еден од говорниците.

Јамшиди го покажа [фа] негативното влијание на една брана во Иран, која довела до тоа Езерото Урмије да стане солено и сите животни во него да изумрат.

Акција

Сивиот Волк пренесе фотографии на луѓе кои заеднички садат дрвја за подобра иднина.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.