Либан: Изненадувачка посета на Кондолиза Рајс

Кондолиза Рајс, секретарот на САД, направи ненајавена , петчасовна посета на Либан во понеделникот, 16-ти јуни. Таа најави поддршка од нејзината влада за новоизбраниот либански претседател, како и за либанската влада, спикерот на парламентот и демократскиот систем во државата. Рајс последен пати го посети Либан за време на уништувачката војна во 2006 помеѓу Израел и Либан каде загинаа повеќе од 1300 луѓе, најголем дел од нив либански граѓани. Еве некои од коментарите во либанската блогосфера за посетата:

Сурсок забележува дека смртта секогаш ја следи Рајс на нејзините посети. Тој беше исто така саркастичен за нејзиното игнорирање на било какви сугестии кои се однесуваат на вмешувањето на САД во либанската политика, дури и по она што таа имаше да го каже по посетата на некои од лидерите на Либан.

Властите на Либан велат дека најмалку тројца се мртви во судирите помеѓу про– и анти-владините групи во источните [Долина Бека] села Сааднајел и Таалбаја….
Судирите се случија кога “непријатната” Конди Рајс изненадувачки го посети Либан. Се чини дека смртта секогаш ја следи. Според АФП:
Рајс изјави дека таа го направила ова патување за да ја “изрази поддршката на САД за либанската демократија, за либанскиот суверенитет.”

Танталус ја критикуваше несфатливата поддршка на Рајс за некои од либанските лидери и ги стави под прашање акциите на некои од оние лидери зад кои таа изјави дека стои владата на САД:

Рајс, обраќајќи им се на новинарите од Аин ал-Тинех изјави дека спикерот Набих Бери сфаќа дека му одговара САД да стојат зад него.
Тоа е малку збунувачки за сите оние кои се сеќаваат дека насилниците на Бери се оние кои направија хаос за време на фаталните денови во мај од 7 до 21. Кучкините синови на Амал кои беа под заштита на Бери, фрлаа камења, пукаа со оружје, палеа гуми, зборуваа гадости насекаде по градот Бејрут. Стоеше ли САД и зад сето ова?
Како функционира САД?

Солзи за Либан спомена дел од критицизмот упатен до Рајс од страна на некои политичари за нејзиниот третман на “Алијансата 14-ти март” како ученици на училиште:

Лидерот на Слободното патриотско движење Мишел Аоун во вторникот ја критикуваше секретарката на САД Кондолиза Рајс за средбата со лидерите на Алијансата 14-ти март како “ученици собрани во училница.”
И покрај тоа, тој нагласува дека “едно прашање останува нејасно, а тоа е прашањето за натурализирање на Палестинците во Либан.”

Јноубиех постираше еден напис од Френклин Ламв во кој тој ја анализира посетата на Рајс и каде тој изјавува дека:

Ова е веројатно последна посета на Госпоѓата Рајс на Либан, но не е нејзино финале во регионот, каде грубо во просек се појавува секои 9 недели откако ја доби сегашната позиција. Рајс, како и администрацијата на Буш генерално, останува многу непопуларна овде во Либан, што се базира делумно на нејзините нечувствителни забелешки: ”тоа (нечовечното израелско убивање и бомбардирање) се непријатностите на новиот Среден Исток” , “прерано е за витално прекинување на огнот”, “Израел токму сега го вежба своето право за самоодбрана и САД го поддржуваат тоа право”, итн. за време на 33-дневната војна во јули 2006 и нејзината работа да се одложи прекинувањето на огнот за време на борбата што директно придонесе за уште 1400 Либанци да бидат убиени, 4500 ранети и масовно разрушување на либанската инфраструктура како и неговата економија и животна средина.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.