Ги гледате сите јазици горе? Ние го преведуваме Global Voices за да ги направиме светските граѓански приказни достапни за сите.

Дознај повеќе за преводите од Lingua  »

Јапонија: Земјотрес во внатрешноста на Ивате-Мијаги

На 14 јуни, земјотрес со јачина од 7.2 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Тохоку во Јапонија. Во Ивате и Мијаги, најтешко погодените области, потврдено е за 10 мртви, неколку десетици исчезнати и повеќе од 200 повредени. Иако бројот на починати е релативно мал, со оглед на тоа што областите во близина на епицентарот најчесто се планински, нивото на земјената акцелерација за време на саботниот земјотрес беше регистриран на 4,022, највисоко досега забележано во Јапонија.

Видео снимено на 16ти јуни од хеликоптер од промените по лизгањето на земјиштето предизвикано од земјотресот во провинциите Ивате-Мијаги (Маиничи)

Блогерот мику пишува:

Мојот град беше силно погоден од потрес од повеќе од 6 степени, но моите родители и браќа се добро. Патиштата и железничките линии не работеа, па беше добро што успеав да ги контактирам. Всушност јас разговарав со моите родители на телефон кога се случи земјотресот. Можев да слушнам тропање на другиот крај од линијата и знаев дека паѓаа работи. Беше чудно чувство да се слушне името на местото каде растев кога гледав телевизија. Дознав дека мојата баба, од страна на мајка ми, била повредена и бев навистина загрижен.

Блогерот шинамон го опишува своето искуство од земјотресот:

Ова утро јак земјотрес погоди неколку области вклучувајќи ја и префектурата Мијаги, каде што живеам јас.
Во тоа време, бев на платформата на станицата Сендаи, го чекав шинкансен возот за Токио.
Потресот беше многу јак и јас бев многу исплашен.

[…]

Ми изгледаше дека шинкансен [воз куршум] нема да тргне, па се откажав од моето одење во Токио.
Одлучив да ја напуштам станицата и да одам директно во мојата канцеларија. Во мојата канцеларија има студенти, со пола работно време, кои доаѓаат на работа дури и за викендите.
Кога дојдов до такси терминалот, насекаде имаше расфрлено делови од скршено стакло.
Ми изгледаше како стаклените прозори од повисоките катови на хотелот да беа искршени и паднати.
За среќа, никој не беше повреден.
Зградата во која е мојата канцеларија беше неоштетена и студентите беа добро.

Префектурата Мијаги е место кои многу често е погодено од земјотреси.
Меѓутоа, епицентрите најчесто се лоцирани по крајбрежјето на Мијаги или Ивате.
Нема многу од нив кои што се случуваат во внатрешноста, иако мислам дека имаше земјотрес во внатрешноста кој беше измерен под 6 степени по сеизмичката скала пред неколку години.

Исто така, познато е дека постојат 90% шанси Мијаги да биде погоден од силен земјотрес во наредните 30 години. Мислам дека денешниот земјотрес не беше тој.

Блогерот симату го опишува своето искуство од земјотресот:

Како што поминува времето, големината на штетите беше позната. Бев зачуден и исплашен бидејќи цела планина се имаше урнато.
Она што не можам да престанам да го мислам е што би се случило доколку Токио го погоди земјотрес од истиот размер.
Само помислата на тоа ме плаши. Ми останува само да се молам дека земјотрес со епицентар во Токио нема да се случи.
Исто така, се надевам дека луѓето кои беа погодени од земјотресот ќе можат наскоро да им се вратат на своите нормални животи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.