Јапонија: Блогерите за нападот со нож во Акихабара
Напад со нож во областа Акихабара во Токио, според извештаите на новинските агенции, беше извршен од страна на 25 годишниот осомничен, Томохиро Като, во кој животите ги загубија најмалку седум лица, а уште повеќе се повредени. По се изгледа осомничениот удрил со два тона изнајмен камион во пешаци на раскрсница блиску до станицата Акихабара и потоа започнал да ги напаѓа очевидците.
Инцидентот се случи на годишнината на сличен инцидент во Јапонија. Пред седум години на истиот ден Мамору Такума во основното училиште Икеда во Осака уби седум деца.
За листа со написи, информации и фотографии за прободувањето, погледнете го Акибаблог [ja]. Вообичаено, форумите се преполни со коментари [ja], а на блогот ИКИНОХ [ja] има детално опфаќање на инцидентот од Твитер. Блогерот каватасо објави многу фотографии [ja] и даде детална слика за нивното искуство од тоа што се случи:
Денес, само што се вратив од Такасаки дојдов во Акихабара. Сѐ уште беше 11 часот и Хокотен сѐ уште не беше отворен, па затоа отидов во Линукс кафето, спремив неколку слајдови и направив неколку други работи.
Се концентрирав на мојата задача и не забележав дека луѓето околу мене почнаа да прават врева, но тогаш поради некоја причина тие ги затворија ролетните на кафето, додека сѐ уште беше отворено.
Кафе Линукс (во Акихабара) со затворени ролетни, фотографија од Каватасо
Си помислив дека нешто мора да се случило, а имаше и гласини во кафето дека се случува напад на улица, дека има луѓе кои загинале, дека напаѓачот сѐ уште не е уапсен и дека затоа ги затвориле ролетните.
[…]
По кратко време пристигна информација дека напаѓачот е уапсен и во овој момент други медиуми сѐ уште ја немаа оваа информација, па изгледаше како сѐ уште да ги составуваат извештаите. Гледавме внимателно уште некое време и неколку медиуми објавија дека напаѓачот е уапсен. Атмосферата, внатре во кафето, започна да се смирува.
Ролетните на кафето беа сѐ уште затворени, но помислив дека засега тоа е добро, ги спремив моите работи, ја земав камерата и го напуштив кафето. Продавниците кои се на истата улица како Линукс кафето беа отворени како и вообичаено, но изгледа и ролетните на Софмап, кој има влез од главната улица, беа затворени за секој случај.
Толпа од луѓе и амбулантна кола, патрола, фотографија од Каватасо
Отидов на главната улица и како што очекував, имаше толпа од луѓе, но исто така имаше амбулантна кола и полиција, кои не ги очекував.
Вистинската точка каде што се случил инцидентот по се изгледа е центарот на раскрсницата и таа беше комплетно запечатена.
И таму, се разбира, имаше многу полицајци и персонал од прва помош, но она што ми остави впечаток беа чевлите и разните лични работи кои беа расфрлени низ улиците.
Многу полиција и болничари, фотографија од Каватасо
Блогерот зун00340 беше на местото на настанот и објаснува што се случило:
Денес се случи масовен инцидент со прободување во Акихабара. Тоа беше трагичен инцидент кој што ме шокираше, но всушност во време на настанот случајно се најдов во близина.
[…]
Кога се случи настанот, одев кон станицата и затоа всушност не го видов инцидентот, на почетокот имаше гласен звук, како кола да удри во нешто. Сообраќајна незгода? – погледнав преку моето рамо и во тој момент слушнав некој како извикува со чуден глас, „Ова изгледа опасно, да се тргнеме оттука побрзо!“ Кога ќе размислам за тоа сега, одлуката на мојот пријател беше точна.
Имаше различни контрадикторни информации кои доаѓаа од областа каде што се случи инцидентот, луѓето бегаа (повеќето луѓе), додека некои љубопитни надгледувачи се собираа, тоа беше ситуација на голема паника. Луѓето кои имаа мали деца со себе можеби беа во поголема опасност од луѓето кои се собираа за да видат [на местото], бидејќи ги туркаа луѓето со неверојатна сила за да дојдат до местото на настанот.
„По се изгледа е испуштен сарин гас“
„Има напаѓачот со нож“
„Терористичка бомба?“
Имаше разни гласини и шпекулации за настанот, но за состојбата немаше доверливи информации и тоа беше навистина заплашувачки.
Фотографија од Каватасо
Камионот. Дали земаат отпечатоци од прсти? Фотографија од Каватасо
Блогерот јонеками, кој беше на местото на настанот кога се случуваше нападот, напиша:
Во тоа време бевме во продавница на таа страна од улицата. Кога ја напуштивме продавницата, имаше крв насекаде. Кога полицијата го фати осомничениот, имаше дамки од крв од прободувањето.
Доколку заминевме неколку минути порано… застрашувачки е и да помислам на тоа.
Никогаш не може да знаеш што може да се случи во животот.
Фотографија од Каватасо
Изнајмениот камион на осомничениот. Фотографија од Каватасо
Блогерот јоро исто така беше во близина на настанот и објаснува:
Кога се случи настанот, мојата жена и јас и нашиот трет син бевме во Акихабара и одевме или кон Јодобаши или Икебукуро со кола. Поради ова, ние всушност не бевме сведоци на инцидентот, бевме малку оддалечени од точната локација. Но, тоа е место каде во последно време одам многу често, и поради оваа мала разлика ми изгледа како да успеав да избегнам контакт за влакно.
Блогерот јадогава, кој пристигна на местото веднаш откако се случи инцидентот, ја опишува сликата:
Изгледа инцидентот се случил во 12:35, а јас бев на местото во 13:00.
Помислив дека е сообраќајна несреќа, но имаше премногу жртви за тоа, имаше многу полиција и покрај тоа многу луѓе добиваа срцева масажа, а болничарите беа избезумени. (Имав слично искуство со ужасна атмосфера на работа и беше такво чувство.) Сфатив дека очигледно не е вообичаен инцидент, дека „нешто незамисливо се има случено, можеби терористички напад или нешто како уличен масакр“, па го напуштив местото и се упатив дома.
Категории

Започни ја конверзацијата
Категории
11 февруари: Денот кога го враќаме ударот

Придружете ни се!
Месечна архива
- јануари 2021 1 напис
- октомври 2020 1 напис
- јули 2020 1 напис
- мај 2020 1 напис
- април 2020 2 написи
- март 2020 3 написи
- февруари 2020 2 написи
- јануари 2020 2 написи
- декември 2019 2 написи
- октомври 2019 1 напис
- септември 2019 1 напис
- август 2019 1 напис
- јули 2019 1 напис
- јуни 2019 1 напис
- мај 2019 3 написи
- април 2019 1 напис
- март 2019 8 написи
- февруари 2019 5 написи
- јануари 2019 4 написи
- декември 2018 1 напис
- ноември 2018 5 написи
- октомври 2018 9 написи
- септември 2018 4 написи
- јули 2018 2 написи
- јуни 2018 1 напис
- мај 2018 3 написи
- април 2018 5 написи
- март 2018 3 написи
- февруари 2018 12 написи
- јануари 2018 19 написи
- декември 2017 1 напис
- ноември 2017 2 написи
- октомври 2017 6 написи
- септември 2017 1 напис
- август 2017 7 написи
- јули 2017 4 написи
- јуни 2017 5 написи
- мај 2017 11 написи
- април 2017 8 написи
- март 2017 27 написи
- февруари 2017 5 написи
- јануари 2017 7 написи
- декември 2016 3 написи
- октомври 2016 1 напис
- јули 2016 2 написи
- мај 2016 3 написи
- април 2016 3 написи
- март 2016 3 написи
- февруари 2016 5 написи
- јануари 2016 15 написи
- декември 2015 18 написи
- ноември 2015 5 написи
- септември 2015 7 написи
- август 2015 1 напис
- јули 2015 1 напис
- јуни 2015 7 написи
- мај 2015 13 написи
- април 2015 10 написи
- март 2015 17 написи
- февруари 2015 46 написи
- јануари 2015 15 написи
- декември 2014 17 написи
- ноември 2014 5 написи
- октомври 2014 21 написи
- септември 2014 27 написи
- август 2014 27 написи
- јули 2014 38 написи
- јуни 2014 4 написи
- мај 2014 26 написи
- април 2014 8 написи
- март 2014 13 написи
- февруари 2014 5 написи
- јануари 2014 16 написи
- декември 2013 9 написи
- ноември 2013 3 написи
- октомври 2013 1 напис
- септември 2013 13 написи
- август 2013 18 написи
- јули 2013 16 написи
- јуни 2013 12 написи
- мај 2013 16 написи
- април 2013 22 написи
- март 2013 16 написи
- февруари 2013 55 написи
- јануари 2013 15 написи
- декември 2012 17 написи
- ноември 2012 20 написи
- октомври 2012 14 написи
- септември 2012 34 написи
- август 2012 41 написи
- јули 2012 33 написи
- јуни 2012 41 написи
- мај 2012 19 написи
- април 2012 29 написи
- март 2012 36 написи
- февруари 2012 41 написи
- јануари 2012 21 написи
- декември 2011 22 написи
- ноември 2011 20 написи
- октомври 2011 22 написи
- септември 2011 11 написи
- август 2011 68 написи
- јули 2011 32 написи
- јуни 2011 23 написи
- мај 2011 51 написи
- април 2011 25 написи
- март 2011 27 написи
- февруари 2011 39 написи
- јануари 2011 60 написи
- декември 2010 47 написи
- ноември 2010 23 написи
- октомври 2010 12 написи
- септември 2010 18 написи
- август 2010 28 написи
- јули 2010 38 написи
- јуни 2010 79 написи
- мај 2010 17 написи
- април 2010 23 написи
- март 2010 41 написи
- февруари 2010 27 написи
- јануари 2010 16 написи
- декември 2009 6 написи
- ноември 2009 12 написи
- октомври 2009 16 написи
- септември 2009 28 написи
- август 2009 15 написи
- јули 2009 20 написи
- јуни 2009 23 написи
- мај 2009 33 написи
- април 2009 7 написи
- март 2009 9 написи
- февруари 2009 7 написи
- јануари 2009 18 написи
- декември 2008 21 написи
- ноември 2008 17 написи
- октомври 2008 34 написи
- септември 2008 39 написи
- август 2008 34 написи
- јули 2008 68 написи
- јуни 2008 45 написи
- мај 2008 60 написи
- април 2008 58 написи
- март 2008 48 написи
- февруари 2008 6 написи
- јануари 2008 2 написи
- мај 2006 1 напис
Водич за 2.0 застапување: Алатки за дигитално застапување
Водичот за 2.0 застапување ги опишува некои од најдобрите техники и алатки кои дигиталните активисти може да ги користат како дел од нивната онлајн кампања за застапување.
Последни коментари
Зошто еден граѓанин на Македонија го прекрши ветувањето дека никогаш повеќе нема да протестира
Само напред Том, се гледаме на барикадите или на некоја плажа... Нема да им помине
Овој сноубордер беше изгубен 2 ноќи во снегот, но луѓето не можат да престанат да...
Thank you for translating my post!
Един народ - две държави!