Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.
Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski
Последни написи од Филип Стојановски од март, 2014
Активистки додаваат женски хероини на Википедија на македонски
Неформалната група граѓанки „Бори се женски“ (@borisezenski), организираше мини маратон за додавање статии за важни жени од Македонија на Википедија со цел да ја подигнат свеста за женските права и родовата еднаквост. Како дел од иницијативата, активистки работеа во рамки на прославата на Меѓународниот ден на жената насловена „Прво, па...
Изразување преку графити во Казахстан
Во текот на последните десет години, група за улична уметност од Алмати, Казахстан, користи графити да изрази идеи и изјави. Групата наречена Репас Воркшоп (Repas Workshop) ги претстави (на руски) најновите примери на нивните импресивни дела преку блог.
Карневалот во Струмица ја продолжува 350-годишната традиција
Струмичкиот карневал се одржа од 1 до 3 март 2014 г. Оваа традиционална прослава првпат се споменува записите на османлискиот патеписец Евлија Челебија во 1670 година, а оваа година беше претставена во напис на НБЦ Њуз за 12 слични настани низ целиот свет. Фотоактивистот Ванчо Џамбаски ја сподели својата фотогалерија...
Македонската Твитер-заедница организира втора крводарителска акција
Група корисници на Твитер од Македонија организира крводарителска акција на 17 март во Скопје. Ова е втора таква акција, првата се одржа минатиот 13 септември.