Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.
Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski
Последни написи од Филип Стојановски од август, 2012
Албанија: Елиза Душку за „Зашто мора да се посети Албанија“
На делот од Хафингтон пост за патувања, американската актерка Елиза Душку пишува (на англиски) за нејзините албански корени и нејзиното патување во Албанија.
Македонија: Алатка за краудсорсирање против родово-засновано насилство
Тековниот избор за „Алатка на неделата“ на блогот на Ушахиди (en, mk) е „Реагирај!“, онлајн платформа против родово-засновано насилство во јавни простори (en, mk, sq) објавена од тинк-тенкот Реактор, која иницијално ги покрива скопските општини Центар и Чаир.
Русија: „Вистинското богохулие“ – Славој Жижек за Пуси рајот
Рускиот колектив „Што да се прави?“ објави есеј на англиски од словенечкиот филозоф Славој Жижек, кој смета дека Пуси рајот „се концептуални уметници во најблагородната смисла на зборот: уметници кои отелотворуваат Идеја“ и се борат против цинизмот на моќниците кои настојуваат да ја вратат Русија на ниво на царизмот, кое...
Македонија: Продолжува уништувањето на Скопскиот аквадукт
Преку Фејсбук и нејзиниот блог, археологот Василка Димитровска сподели свежи фотографии од Тони Манџуковски, со што дигна узбуна за континуираното уништување на античкиот Скопски аквадукт, кој е целосно занемарен од властите и локалното население го користи како извор на градежен материјал. Ироничниот наслов на нејзиниот пост, „Да изградиме постар и...
Бутан: Топ-тема на Твитер заради помошта на Индија
Минатата недела, електричните мрежи низ северна Индија колабирале и струја од хидроцентралите во соседен Бутан била користена за движење на метрото во Делхи. Индиските твитерџии толку зборувале на темата што зборот „Бутан“ (односно Bhutan) влегол меѓу десетте врвни „трендинг“ хаштагови на Твитер, известува Боаз Шмуели (на англиски).
Италија, Македонија: Смешен (и несоодветен) превод на името на државата
Порталот Прес 24 објави фотографија од некој корисник на Фејсбук кој открил дека наместо Македонија, дисплејот со повикувачки кодови на еден милански аеродром како име на државата го прикажува терминот „Fruit Salad“ односно овошна салата на англиски. Зборот „Macedonia“ е синоним/вид овошна салата на италијански, шпански и др. јазици. Се...
Македонија: Фокус на поетскиот фестивал со децениска традиција
Португалскиот режисер Андре Соарес објави краток документарен филм за Струшките вечери на поезијата, фестивал кој се одржува од 1962 година.