Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.
Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski
Последни написи од Филип Стојановски од август, 2011
Северна Кореја: Приход за државата преку хакирање онлајн-игри
Едвард Кастронова од Тера Нова ги коментираше (на англиски) тврдењата дека армија на гејминг хакери од Северна Кореја ги пробила серверите на популарни сајтови за игри од Јужна Кореја со цел да обезбедат пари кои очајнички ѝ се потребни на државата.
Узбекистан: Светски познати брендови го осудиле присилниот детски труд
Волмарт, Мејсис, Аилин Фишер, Наутика, Гиар фор спортс, Д Џоунс груп, Лиз Клејборн и Најки се меѓу првите компании кои потпишале заложба за бојкот на користењето на узбекистански памук, се додека Меѓународната организација за труд не утврди дека во таа земја веќе не се употребува присилен детски труд, известува Абуфузал.
Kина: Учење деца да се тепаат
Џинг Гао од Министерството за тофу (Ministry of Tofu) раскажува (на англиски) за популарен видео-клип на кој татко ги учи своите деца безмилосно да се тепаат.