Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.
Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski
Последни написи од Филип Стојановски од септември, 2010
Македонија: Блогирање за правилна употреба на јазикот
Две професионални и лицецирани лекторки, Бисерка Велковска и Маја Катарова, неодамна го отворија блогот Лектор на кој нудат бесплатни совети од областа на правописот на стандардниот македонски јазик.
Гана: Плажи што вреди да се истражат
Маамеу препорачува (на англиски) неколку плажи во Гана што вреди да се истражат.
Русија-Украина: Путин моторџијата
Сибирска светлина сумира (на англиски) дел од реакциите на учеството на рускиот премиер Владимир Путин на моторџиски собир во украинскиот град Севастопол.
Порторико: Музичко сеќавање на 11 септември
Редакцијата на блогот за музика, уметности и технологија Порторико инди (на шпански) организираше виртуелна „музичка“ тркалезна маса во која писатели, уредници, автори и пријатели предлагаа песна по повод 9/11 (11 септември 2001). Видеоклиповите од песните се придружени со кратки текстови со објасненија за изборот.
Кина: Цензура на видеоигри
Лутиот кинески блогер дава увид (англиски) во цензурата на видеоигри која ја спроведува Кинеската влада, област занемарена од организациите за човекови права.
Грузија: Преминување во Абхазија
Другој објавува запис за посетата во отцепената територија Абхазија која е признаена од само четири членки на ООН од руско-грузиската војна за Јужна Осетија во 2008 година. Постот исто така содржи и фотографии.
Белорусија: Уредникот на Charter97.org пронајден мртов
Алех Бјабенин, белоруски новинар, основач и уредник на водечкиот опозициски веб-сајт Charter97.org, бил пронајден мртов овој петок. Имал 36 години. Кратката вест нз Charter97 за смртта веќе има 193 коментари, повеќето со изрази на сочуство.
Македонија: Бронзени лавови, отчетност и транспарентност
Новите статуи на четири бронзени лавови на еден мост во Скопје го привлекоа вниманието на македонската јавност при крајот на август. Иницијалното арогантно одбивање на авторите да дадат отчет ги засени дискутабилните уметнички вредности на големите мачки финансирани со јавни пари. Статуите исклучиво на мажјаци се дел од контроверзниот проект...