Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.
Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski
Последни написи од Филип Стојановски од октомври, 2011
Русија: Ботови на Фејсбук масовно гласаат за Путин
Рускиот интернет-магазин „Слон“ открива (на руски) значително зголемување на активноста на лажни профили на Фејсбук кои гласаат за Путин на разни анкети. Овие ботови се активни не само на Фејсбук, туку и на веб-сајтови на медиуми кои дозволуваат користење на профили од Фејсбук за гласање и коментирање.
САД: Умрел легендарниот информатичар Денис Ричи
Информатичката легенда Денис Ричи (анг. ) умрел на 8 октомври 2011 година во неговиот дом во Њу Џерси на 70-годишна возраст, оставајќи наследство со огромно влијание на глобалниот развој. Ричи беше создателот на програмскиот јазик C, еден од најкористените програмски јазици на сите времиња. Според написот од Шени Жардин на...
Србија: Дискусија за извештајот за ИКТ од Државниот завод за статистика
Слободан Марковиќ иницираше (на српски) дискусија на Твитер (#ICTSrbija) за извештајот за користење на ИКТ објавен од Државниот завод за статистика на Република Србија (споменат во претходен напис на Глобал војсис). Кусо резиме е достапно на англиски, македонски и албански јазик.
Грузија: Игра на Фејсбук – Виртуелен претседател на собрание
Мириан Југхели известува дека во пресрет на парламентарните избори во Грузија, закажани за наредната година, владеачката партија продолжува со обиди да ја впрегне моќта на социјалните медиуми за да го зголеми интересот за изборниот процес за изборниот процес.