Филип Стојановски · јуни, 2015

Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.

Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski

Имејл Филип Стојановски

Последни написи од Филип Стојановски од јуни, 2015

Македонија: Активист го заврши штрајкот со глад за правата на мигрантите

Во сабота на 20 јуни, експертот за човекови права и активист Суад Мисини го заврши штрајкот со глад што го започна шест дена пред тоа во знак на протест против нехуманиот третман на мигрантите кои минуваат низ Македонија. Г. Мисиниј ја објависледната изјава (линковите се додадени): Во очекување на ефектите од...

Адвокатот на затворената карикатуристка Атена Фаргдани уапсен затоа што се ракувал со неа

Мохамад Могими, адвокатот на иранската активистка и карикатурискта Атена Фаргдани бил уапсен на 10 јуни откако ја посетил својата клиентка во затвор. Обвинението се темели на фактот дека се ракувал со Фаргдани. Таа неодамна била осудена на 12,5 години робија за објавување цртежи и други содржини со кои ја критикувала...

Активист за човекови права започна штрајк со глад за мигрантите пред Собранието

  15 јуни 2015

Растечката криза со миграциите неодамна ги погодува и земјите во југоисточна Европа, и нови проблеми се јавуваат скоро секојдневно. Реагирајќи на нехуманиот третман на мигрантите кои минуваат низ Република Македонија, реномираниот активист за човекови права Суад Мисини започна штрајк со глад пред зградата на Парламентот во Скопје. Тој го започна...