Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.
Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski
Последни написи од Филип Стојановски од февруари, 2013
Бугарите продолжуваат да протестираат поради високите сметки за енергија
Во недела, на 17 февруари, десетици илјади луѓе во бугарската престолнина Софија и други градови продолжија со протестите против високите цени на струјата и греењето. Извештај на Руслан Трад.
Историја на камбоџанскиот стрип
Џон Викс создаде презентација со слајдови за историјата на камбоџанскиот стрип (на англиски) во последните половина век.
Две верзии на Кина на Мао: Историја ретуширана како пропаганда
Колаж на историски фотографии кој покажува две верзии на кинеската историја во текот на ерата на Мао (1949-1976) објавен од микроблогерот @Pongyoung со краток коментар „Како била исправана историјата?“ бил ретвитнат 13362 пати со 2237 коментари за еден ден.
Палестина во Перу?
Во видео-клип објавен од Фондацијата Викимедија, може да се видат деца од селото Палестина во перуанскиот регион Укајали, како користат лаптопи од проекот ОЛПЦ да создадат напис на Википедија на шпански за нивното место (во меѓувреме направени се преводи на англиски, француски и македонски). Клипот, во кој се појавуваат и...