Група корисници на Твитер од Македонија организира крводарителска акција на 17 март 2014. во Скопје. Ова е втора таква акција, првата се одржа на 13 септември 2013.
Минатата акција 102-ца дојдоа да даруваат крв, од кои на 75 им беше дозволено. Да собереме дупло овој пат!
— Крводарители (@krvodariteli) January 22, 2014
Мобилизацијата за настанот се одвива на Твитер преку хаштагот #крводарители и профилот @krvodariteli, како и преку настан на Фејсбук, три влијателни веб-сајтови, и различни блогери кои ја поддржуваат акцијата преку ширење на гласот и дистрибуција на банерот, чиј дизајн исто така бил донација од @banekoma.