Филип Стојановски · февруари, 2011

Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.

Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski

Имејл Филип Стојановски

Последни написи од Филип Стојановски од февруари, 2011

Македонија: Реакции на владината кампања против абортусот

Повторното активирање на кампањата на Владата на РМ „за објаснување на последиците од абортусот“во текот на зимските празници предизвика низа реакции од блогери и од граѓански организации кои во тоа главно гледаат зачеток на обид за враќање на Македонија во средниот век.

Македонија: Реакции на инцидентот на Кале и говорот на омраза

По масовната тепачка меѓу етнички македонски и етнички албански групи на скопско Кале, медиуми посетувани од жители на Македонија вриеја од говор на омраза и реакции на него.