Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.
Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski
Последни написи од Филип Стојановски од септември, 2012
Македонија: Судењето на активист ќе продожи во ноември
На неговиот профил на Фејсбук, активистот Жарко Трајаноски пиша за неодамнешното рочиште од неговото судење (започнато во 2010 година): „Процесот“ продолжи и без присуство на „храбриот“ тужител, со одбраната на обвинетиот. Неговиот застапник не знаеше каде е тужителот. А судот добил известување дека е иселен…
Сирија: Одгласи од Балканот
Македонската непрофитна организација Диверзити Медиа Прокашн објави напис/поткаст (на македонски и албански) за реакции на ситуацијата во Сирија во некои балкански држави, презентирајќи и изјава од авторот на Глобал војсис Руслан Трад и македонскиот политичар Стојан Андов (википедија: en, mk), кој служел како југословенски амбасадор во Ирак од 1987 до...
Македонија: Судење на активистот за човекови права Жарко Трајаноски
Денес во 13 ч во Основниот суд Скопје I (судница 17) ќе се одржи главното рочиште во судскиот процес против Жарко Трајаноски, тужен за клевета и навреда од страна на провладиниот ТВ-водител Миленко Неделковски. Трајаноски е обвинет за користење на изразот „медиумски шарлатан“ на главните вести на покојната А1 телевизија...
Чиле: Државниот удар од 1973 г. во 140 знаци
Како нетизените ќе го следеа државниот удар од 11 септември 1973 година во Чиле ако тогаш постоеше Твитер?
Косово: Фестивалот за стрип и карикатура во Призрен
Македонската уметница Весна Ничевска-Саравинова блогираше (на англиски) за нејзиното учество на фестивалот за стрип во Призрен, организиран од Здружението на косовски стрип-уметници Џенет комикс (алб.). Еди Ребел извести дека 4 од 15 претставени уметници на фестивалот биле од Македонија, покрај колегите од Италија, Турција, Кипар, Франција, Косово, Бугарија и Босна.
Малдиви: Прослава на Денот на независноста во Мале
Буџии објави фотографии од неодамнешната официјална прослава на Денот на независноста на Малдиви одржана на стадионот Галолху во главниот град Мале.
Мексико: Учење од македонски искуства
Мексиканскиот блогер Пепе Флорес пишува (на шпански) дека македонската платформа за пријавување насилство против жените на јавни простори Реагирај! е „фантастична идеја“, која треба да се примени во Латинска Америка.
Бугарија: Независни новинари бараат интервенција на ЕУ
Група бугарски НВО и новинари објавија отворено писмо (на бугарски и англиски) до Неле Крос, потпретседателката на Европската Комисија, барајќи јавна средба бидејќи „ситуацијата со медиуми во Бугарија не е закана само за бугарското општество, туку и за ЕУ како целина“.
Македонија, Бугарија: Корисниците на социјални медиуми открија фалсификат
Една интервенција за проверка на факти, заеднички напор на македонски и бугарски корисници на социјални медиуми, им помогна на независни новинари да разоткријат фалсификувани документи користени како мамка за сомнителна иницијатива за прибирање хуманитарни донации.
Македонија: Барања за триумфален пречек за параолимписката шампионка
Македонските корисници на социјални медиуми бараат државата да организира прослава за Оливера Наковска-Бикова, која освои златен медал во стрелаштво во финалето на Параолимписките игри во Лондон, откако на квалификациите собори светски рекорд.