Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.
Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski
Последни написи од Филип Стојановски од јули, 2014
Македонските власти тврдат дека социјалните мрежи „отсекогаш биле блокирани“ во студентските домови
Станарите во државен студентски дом во Скопје почнаа кампања на интернет за изложување на ужасните животни услови. Веднаш потоа им бил прекинат пристапот на Фејсбук и Твитер.
Авторот на Глобал војсис Алекс Содиков пуштен од притвор
Таџикистанските власти го пуштиле од притвор научникот и автор Алекс Содиков, уапсен под матно обвинение за шпијунажа пет недели претходно.
Уметници ја истражуваат „точката на топење“ меѓу уметноста и пропагандата во Скопје
Непрофитната, само-финансирана група на автори наречена Кооперација, неодамна во Скопје одржа изложба насловена „Точка на топење: Уметноста како анти-хегемониска пропаганда“ (en, mk, со фотогалерија). Како што известија неколку избори на вести кои покриваат културни настани, меѓу кои и белградскиот SEE Cult, настанот претстави дела на неколку светски реномирани уметници и...
Македонските студенти по медицина живеат во средновековни услови
Независниот студентски магазин „Излез“ објави галерии на фотографии направени од на студентките Дена Миладиноска и Кристина Иванова во државниот дом за студенти по медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Студентите ги објавија фотографиите од мизерните услови за живот во обид да ги поттикнат властите да ги поправат...
Посрамената македонска Влада се повинува на барањата на студентите
Во текот на изборите и економската нестабилност, дигитално студентско движење преку посрамотување ја натера Владата на Македонија да објави тендер за поправање на одвратните услови за живот во најголемиот студентски дом во Скопје.