Филип Стојановски · мај, 2010

Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.

Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski

Имејл Филип Стојановски

Последни написи од Филип Стојановски од мај, 2010

Македонија: Блогери ја прославија победата над фашизмот од 1945 г.

Неколку македонски блогери се придружија на прославата на победата врз фашизмот во Втората светска војна. Пред Македонија да стане независна во 1991 година, Денот на победата врз фашизмот (англиски) се прославуваше на 9 мај како работен празник, заедно со 15 мај, денот на конечната победа во Југославија, поради тоа што...

Босна: Соборен Гинисовиот рекорд во масовен валцер

Тузларије извести (босански) дека вечерта на 5 мај, 1510 двојки танчери го собориле Гинисовиот рекорд во истовремено играње валцер во Тузла. Претходен рекордер била Виена со 317 двојки. Меѓу учесниците имало и жители на други места, меѓу кои и австрискиот амбасадор во Босна со сопругата.

Македонија: „Може ли да ни банкротира државата?“

Учесниците на конференцијата „Може ли да ни банкротира државата?“ организирана од Фондацијата Институт отворено општество Македонија на 5 мај сметаат дека грчкото сценарио сè уште е далечна опција, но сепак повикуваат на претпазливост, особено поради порастот на задолжувањето на државата и притисокот врз приватниот сектор.