Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.
Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski
Последни написи од Филип Стојановски од мај, 2008
Македонија: Користење на нови медиуми во изборната кампања
Авторите на македонскиот медиумски блог Komunikacii.net, го анализираа користењето на интернетот и новите медиуми за првпат од страна на политичките партии во нивните кампањи за предвремените парламентарни избори, закажани за 1 јуни, 2008. Експертите за медиуми Сеад Џигал и Дарко Булдиоски извршија заедничка анализа за присуството на интернет на двете...
Македонија: Посета на грчки пацифисти
Анастас Вангели ги објави своите впечатоци од анти-националистичкиот и антимилитаристички грчко-македонски дијалог кој се одржа минатата сабота – на македонски и англиски. Учесниците во Грција биле прогласени за предавници и анатемисани од солунскиот митрополит во неговата неделна проповед.
Македонија: Блогерите ја нагласуваат потребата за отворена комуникација со Грција
Во екот на внатрешните превирања предизвикани од грчката кампања за блокирање на пристапувањето на Македонија кон НАТО и Европската унија, и сè поголемиот број на извештаи за напади врз македонските камионџии (официјална реакција) од националистички толпи во Грција, многу македонски блогери се обидуваат да го премостат јазот на глупоста меѓу...
Македонија: Сакура – јапонски фестивал на цветање на црешите во Скопје
Иако бројот на етнички Јапонци кои живеат во Република Македонија е многу мал, голем број нејзини жители учествуваат во втората годишна прослава на Сакура [ENG]- јапонскиот фестивал на цветање на црешите во нејзиниот главен град Скопје. Главен организатор на фестивалот беше клубот за боречки вештини Самурај доџо [ENG]. Неколку истакнати...