Филип Стојановски · февруари, 2010

Работи на Интернет од 1995 година, а од 2003 г. блогира на македонски (1, 2) и англиски (3, 4) јазик. Од 2008 г. пишува на ГВ и понекогаш си ги преведува своите, а понекогаш му е поинтересно да преведе туѓи написи од англиски на македонски. Вработен во Метаморфозис, фондација за Интернет и општество.

Податоци за контакт (ако не се знаеме, пишете прво најава/вовед)
Skype: filip_stojanovski
Twitter: @razvigor
Facebook: filip.stojanovski

Имејл Филип Стојановски

Последни написи од Филип Стојановски од февруари, 2010

Македонија, Турција: Поврзани, а не поделени, со историјата

Крис Делисо, патеписец и основач на Balkanalysis.com пишува во Today's Zaman за меѓусебното допаѓање помеѓу граѓаните на Македонија и Турција, наспроти фактот дека пред еден век „Македонија доживеала неверојатни страдања во текот на востанијата против отоманската власт“. Тој гледа потенцијал во за искористување на добрата волја и заедничкото културно и...

Полска: Владата одобри предлог за креирање на Регистар на забранети веб-сајтови и сервиси

  14 февруари 2010

Силвија Присли известува за контроверзната одлука на полската Влада да создаде Регистар на забранети веб-сајтови и сервиси, како и за протестите на полските граѓани на интернет.

Македонија: Онлајн бунт против Скопје 2014

По повеќегодишни затскриени најави, медиумски манипулации и бирократско избегнување на барањата за транспарентност, отчетност и граѓанско учество, локалната власт на општина Центар најпосле го објави планот, направен во координација со централната Влада, да го посее центарот на Скопје со низа нови споменици и згради.