Бугарите продолжуваат да протестираат поради високите сметки за енергија

Во недела, на 17 февруари, десетици илјади луѓе во бугарскиот главен град Софија и во други градови продолжија да протестираат против високите сметки за струја и греење, како и против монополот на компаниите за дистрибуција на енергијаЧЕЗ, ЕВН и Енерго-Про. Учесниците на протестите бараат национализација на овие три дистрибутери заедно со Националната електрична компанија НЕК.

Повеќе од 20.000 луѓе дојдоа на протестите во Варна, 10.000 во Пловдив, 6.000 во Софија, 5.000 во Благоевград. Четири луѓе беа притворени откако учесниците на протестот во центарот на Софија се судрија со полицијата која се обиде да го спречи маршот кон седиштето на дистрибутивната компанија ЧЕЗ.

Луѓето кои протестираат сакаат исполнување на нивните барања до наредната недела, а ако тоа не се случи, бараат оставка на премиерот и претседателот. Иако националистичките партии се обидоа да соберат политички поени, учесниците се спротивставија, извикувајќи „Без партии!“

Корисникот на Јутјуб iasssen го објави ова видео од протестот во Софија (снимено од SkyMedia-bg.com from the air using со квадкоптер, а звукот е снимен посебно долу на земјата). Друго видео со висока резолуција од Софија објави корисникот MickeyMouseFrance:

Бугарскиот блогер Костадин Костадинов објави пост насловен „Каде по бунтот?“:

Денес околу 100.000 луѓе протестираа низ целата земја. Протестите кои почнаа како реакција против ненадејното и грубо дуење на сметките, добија социјален и политички карактер. Цел ден народот скандираше „Бојко оди си“ и „Долу ГЕРБ“ (владеачката партија), а потоа се прашуваа што следува.  […]

Што ќе направат овие 100.000, претежно млади луѓе, на изборите летово е исклучително важно. Очигледно е дека имаат потенцијал да ја разбудат заспаната Бугарија и да ги поттикнат Бугарите да веруваат во себе и да си ја променат земјата. Од друга страна, тие не веруваат никому, за што имаат целосно право.

Бугарската блогерка Сабина Панајотова изрази песимизам во врска со протестите од 17 февруари:

Овие луѓе не се овие луѓе.
– Луѓето (кои во текот на летото 2012 г. протестираа на Орлов Мост] не се истиве од денес. Овие од денес беа тажни, очајни и сиви.
– Денешните протести беа како антикомунистичките протести од 1989 година, освен што овие веројатно ќе ги вратат комунистите на власт.
– Што и да се случи по овие протести, нема да испадне на добро. Во најдобар случај сè ќе остане како што е.
– Браво за Варна и тамошните полицајци, кои ги спуштија штитовите и го поддржаа протестот.

Блогот Таралеж искоментира за молчењето на владеачката партија и министерствата:

Првите мажи на земјата избега од протестите и сенародната „љубов“. Додека стотици илјади луѓе скандираа по улиците на 35 градови во земјата, ниту еден од носителите на највисоки државни функции не ни помисли да се врати во Софија и да застане машки пред востанатите граѓани.

Блогот Д-р Белолики објави збирка фотографии од протестите на 17 февруари низ цела Бугарија. Дими Лажов објави фотографии од северозападниот град Враца, каде луѓето протестираа против монополот и новата „такса на дожд“. На Фејсбук-страницата Сапротива („Отпор“) исто така има фотографии од демонстрациите низ целата земја, а збирка со реакциите на Сторифај има тука.

Бугарската новинарка Аделина Мартини твитна (користејќи го хаштагот #Bulgaria):

Илјадници протестираат во различни градови на Бугарија против високите цени на струјата, извикувајќи „мафија“ и „оставка“, известуваат локалните медиуми

Една друга бугарска новинарка, Марија Петкова, која живее во Каиро, исто така твитна за протестите:

Стотици илјади луѓе се на улиците низ цела Бугарија протестирајќи против приватните дистрибутивни монополи и економските потешкотии!!!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.