На 29 и 30 јануари, 2013 година, еден од десетте врвни микгроблогови на Сина Веибо, највлијателната платформа за микроблогирање во Кина, објави галерија историски фотографии кои покажуваат две верзии на кинеската историја од ерата на Мао (1949-1976).
Микроблогот, во форма на колаж, објавен од @Pongyoung со кус коментар „Како била исправана историјата?“ беше ретвитнат 13362 пати со 2237 коментари за еден ден. Фотографиите и објаснувањето беа оригинално објавени од каналот за историја на ifeng.com.
Со цел да им помогнеме на читателите да ги согледаат разликите помеѓу двете верзии на кинеската историја, го исеков колажот на 10 сегменти со кратки објаснувања.
Личноста што недостасува е Лин Биао, бивш водач на Кинеската комунистичка партија (ККП) кој бил осуден како предавник по неуспешниот обид да избега во Москва во 1971 г. Загинал при рушењето на авионот со кој бегал.
Личноста што недостасува е Пенг Дехуаи, истакнат воен водач од ККП. Бил осуден во текот на Културната револуција и умрел во затвор во 1974 г.
Измената на сликата е да се истакнат двата најголеми водачи од таа ера: Мао Цетунг и Јосиф Стаљин.
Неважните луѓе се избришани за да се истакне водачот.
Личноста што недостасува е Пенг Жен, кој исто така бил еден од водачите на ККП. Бил отстранет во текот на чистките на Културната револуција заради спротивставување на погледите на Мао за улогата на литературата во однос на државата.
Чадорите и тие што ги носат се отстранети поради попречување на погледот кон сцената.
На сликата оригинално снимена 1927 година се група интелектуалци и писатели (прв ред од лево кон десно) Жоу Џианрен, Ксу Гуангпинг, Лу Ксун и (втор лед од лево кон десно) Сун Ксифу, Лин Јуатанг, Сун Фунјуан . Лин Јутанг избегал во Тајван 1949 година и кога во март 1977 година оваа слика била преобјавена, Лин Јутанг и Сун Ксифу биле избришани.
Леи Фенг, војник во Народната ослободителна армија, бил прикажан како граѓанин за пример по неговата смрт. Поради политичка пропаганда, позадината на фотографијава е сменета со борови, симбол на зимзеленост.
Многу од другарите кои биле обучувани заедно со Мао Цетунг во Кампот на Црвената Армија во 1937 година ги снемало кога оваа фотографија била објавена во текот на неговото владеење. Оригиналот се појави во 1986 година, во времето на Денг Ксијаопинг.
Личноста што недостасува е Рен Биши, воен и политички лидер во ККП. Фотографијата била снимена во 1940 година со Жоу Енлаи и Мао Цетунг. Рен бил избришан оти бил мета на критики што се разболел и отишол на лечење во болница во СССР во текот на војната за ослободување на Кина.