Значајни статии од август 2009
Написи од август, 2009
Мароко: Славење за првата жена градоначалник
Мароканските избори од пред две недели завршија со изненадувачки резултати и беа примени со измешани реакции, како што истакнува Хишам тука. Еден таков резултат беше изборот на жена за градоначалник на Маракеш за прв пат во историјата. Фатиме Захра Мансури, која има учено право, е втората жена на оваа позиција...
Иран: Сведоштва од малтретирање и силување
Иранските власти беа обвинети од опозицијата и од експерите на ОН за малтретирање на затворениците кои протестираа против резултатите од претседателските избори од 12 јуни. Мехди Каруби, водач на опозицијата и поранешен спикер на иранскиот парламент, тврди дека притворените мажи и жени биле силувани во затворите „ Евин“ и „Кахризак“...
Азербејџан: Жалбата на блогерите е одбиена
Media Helping Media известува дека жалбите на Аднан Хајизаде и Емин Мили, двајцата видео блогери и младински активисти моментално во истражен затвор во Азербејџан по обвиенија кои по се изгледа се политични мотивирани , вчера беа одбиени.
Африка: Блогери оддаваат почит на Мајкл Џексон
Смртта на Мајкл Џексон предизвика изблик на емоции во речиси секој агол во светот. Обожавателите ги споделуваат своите сеќавања од Џексон на неговата официјална веб страница на речиси дузина јазици, а веста ги наполни првите страници на весниците низ светот. Во Африка, блогерите му оддаваат почит на „кралот на поп-от“,...
Израел, Палестина: Бесплатен виртуелен компјутер ги пробива бариерите
Новиот израелско- палестински Интернет зачеток наречен G.ho.st ги предизвикува Microsoft и Google на натпревар во развивањето на “cloud computing” оперативен систем кој им овозможува на луѓето да пристапуваат до своите фајлови и софтвер преку Интернет.
Југоисточна Азија: Интернетот и национализмот
Интернетот се повеќе го користат многу луѓе од Југоисточна Азија за најразлични националистички кампањи. Овој тренд е позитивен затоа што сега за сега го проширува и подобрува политичкото учество на обичните граѓани. Меѓутоа, постојат ултра-националистички онлајн иницијативи кои го спречуваат создавањето на регионална солидарност во Југоисточна Азија.
Грузија, Русија: Кибер напад врз блогерот „Cyxymu“
Пред една година, Руско-Грузиската војна се совпадна со Олимписките игри 2008 во Пекинг, одвлекувајќи дел од вниманието на јавноста од мирниот спортски настан. Оваа недела, кибер напади на LiveJournal, Twitter и Facebook, насочени кон LJ/Twitter/Facebook корисникот cyxymu од Тбилиси, додадоа поголема димензија кон известувањето за првата годишнина од војната –...
Перу: Продолжуваат ниските температури во Пуно
Во Перу екстремно ниските тепмератури во јужниот регион на Пуно предизвикуваат нови смртни случаи. Постојат многу фрустрации поради донациите кои не пристигнуваат до оние за кои што се наменети.
Африка: Блогерите дискутираат за ХИВ/СИДА помеѓу мажите хомосексуалци во Африка
Sub-Saharan извести за високиот степен на хив позитивни помеѓу мажите хомосексуалци во Африка. BBC извести дека по ова државно прашање мора многу да се направи поради оттуѓувањето и недостатокот на сексуално образование помеѓу хомосексуалците во Африка. Ајде да ги слушнеме погледите на LGTB африкански блогери кои пишуваат на оваа тема.
Global Voices разви алтернативни начини за приход
Како и сите други медиумски агенции, во овие времиња на економска криза, Global Voices мора да биде креативен и иновативен кога станува збор за одржување на организацијата. Во 2008, откако три години бевме администрирани од Беркман центарот на универзитетот Харвард, станавме независна непрофитна организација, создадена во Холандија. За организација со...