март, 2012

Написи од март, 2012

Македонија: Видео-стримови од граѓанското општество

Во живо.мк е нов сервис наменет за пренесување видео-стримови и снимки на настани од граѓанското општество од Македонија. Првиот настан кој ќе биде покриен е јавната дебата на тема „Какви научни истражувања и настава овозможува новиот Закон за високо образование?“ закажана за петок, 30 март во ГЕМ-клубот во Скопје.

Македонија: Анализа на Скопје 2014

Јасна Котеска објави (на англиски) анализа на импликациите на проектот Скопје 2014 од гледна точка на концептите развиени од водечките современи филозофи и мислители. Текстот е информативен и читлив, полн со сочни детали за користењето на историјата во формирање нова националистичка идеологија.

Бангладеш: Страдањето на домородното население

  28 март 2012

Објавата е дел од нашата специјална репортажа за Правата на домородното население. Во Бангладеш има повеќе од 45 домородни племиња (адибаши) од кои 11 живеат во Читагонските горни подрачја. Остатокот се распрскани низ другите делови во земјата. Многу од нив не живеат добро. Секојдневно дел од нив се дискриминирани, угнетувани...

Африка: Како твита Африка

Младите луѓе кои твитаат од нивните мобилни уреди го движат растот на Твитер во Африка, според новото истражување од Портленд наречено „Како твита Африка“ (англиски): „Во првиот обид сеопфатно да се мапира користењето на Твитер во Африка, Портленд и Твитминстер анализираа над 11,5 милиони гео-лоцирани твитови од целиот континент објавени...

Африка: Ткаење на африканскиот сон преку општествени иновации

Гемел ги посочува општествените иновации кои го ткајат африканскиот сон (на англиски): „Технологија во образованието: овој преокт е главниот мотиватор за денешниов пост. Се состои од 48-часовно прибирање идеи, луѓе и дигитални алатки наменети за кеирање нови веб-базирани и мобилни решенија чија цел е да го подобрат учењето меѓу основците...

Кенија: Војна, оружје и гласови

Какво ќе биде влијанието (на англиски) на војната меѓу Кенија и Ал Шабааб врз изборите во 2012/13 година?: „Се поставуваат низа прашања: дали зголемените безбедносни барања поврзани со заканите од тероризам на Ал Шабааб исто така ќе помогнат да се обезбеди спречување на насилство поврзано со изборите? Или пак безбедносните...

Африка: Колку африкански жени се на Интернет?

Гамелмаг прашува (на англиски) колку африкански жени се на Интернет: „Прво, треба да го пронајдеме точниот број на активни женски корисници на Интернет. Следно, треба да ги откриеме факторите кои ги спречуваат жените да го користат вебот, а најнакрај да одредиме мерки кои ќе предизвикаат пресврт на овој тренд“.

Меѓународен ден на мајчиниот јазик во франкофонските земји

  23 март 2012

Оригиналната статија на француски беше напишана заеднички од страна на Сами Бутајеб, Клер Улрик, и Сузан Лен. Меѓународниот ден на мајчиниот јазик беше прославен ширум светот на 21 февруари, 2012. [Забелешка: оригиналната статија на француски беше објавена на 21 февруари] Станува збор за официјално признат фестивал или прослава која ги...

Македонија: Правење хуманитарна книга со интересни твитови

DarjanR, ArsovaM и Angie_Mkd објавија повик за учество во креирање џепна книга со најинтересни твитови и ги поканија другите македонски твитерџии да ги поднесат нивните фаворити. Тие исто се обидуваат да обезбедат од заедницата услуги на дизајн, печатење и издавање. Средствата собрани со продажбата се наменети за хумани цели. Еден...