Значајни статии од јули 2010
Написи од јули, 2010
Јужна Африка: 67 минути промена – Денот на Мандела
Mногу луѓе знаат дека Нелсон Мандела помина 27 години од својот живот во затворот на островото Robben во Јужна Африка. Она што многумина не го знаат, е дека Мадиба (како што е почесно наречен во Јужна Африка), има поминато 67 години во борбата против расизмот и сиромаштијата. Во неделата на 18-ти јули 2010 година, поранешниот Јужноафрикански претседател наполна 92 години.
Русија: Бирократите одат на вебот 2.0
Светлана Гладкова од profy јавува дека руската Влада ја претстави својата сопствена социјална медиумска мрежа наречена Gosbook.
Унгарија: Кралскиот дворец низ историјата
BudapestZIN постира историски видео материјал од кралскиот дворец во Буда (Будимпешта).
Хрватска: Полицијата разби мирен протест во Загреб
Денес изутрина хрватската полиција разби мирен протест против узурпирањето на јавен простор во центарот на Загреб, при што уапси најмалку 11 граѓански активисти. Твитер фидот со името на улицата #Varsavska послужи како главен извор на информации и фотографии од лице место. Граѓанските асоцијации Право на град и Зелена акција ја...
Русија: Нови детали за националниот интернет пребарувач
Русија ќе развие свој национален пребарувач, пишува Gazeta.ru [руски]. И покрај скорешните негирања [руски] на ваквите планови од страна на министерот Игор Шеголев, новинарите издадоа слајдови од затворено прикажување на проектот, дефинирано како „руски информациски прозорец“ кон светот. Пребарувачот, кој ќе чини повеќе од 100 милиони американски долари, ќе блокира...
Бахреин: Ја изгаснав цигарата!
Како што муслиманскиот свет месец Рамадан (месецот на постење) брзо се наближува, бахреинскиот блогер Tawfeeq Al Rayash со еден удар убива две муви. Тој пости веќе три месеци и се откажа од пушењето откако за тоа го освести неговата ќерка.
Србија: Еден пар чевли, еден живот
И покрај тоа што поминаа 15 години од масакрот во Сребреница, Ратко Младиќ – генерал на Армијата на Rепублика Српска (српската Армија во Босна) кој е оптужен од Хашкиот трибунал за геноцид и бруталната смрт на повеќе од 8.000 муслимани во овој босански град на 11-ти јули 1995, сѐуште не...
Европа: Видео-натпревар за повеќејазичноста
Доколку живееш во Европа, имаш 18-35 години и зборуваш повеќе од еден јазик, тогаш испрати на натпреварот кратко он-лајн видео за повеќејазичноста, за да добиеш место во снимањето на еден патувачки филмски настан кој ќе се одвива во архипелагот Турку во Финска.
Global Voices ја најавува инвестицијата од мрежата Омидјар
Со задоволство ви најавувам дека мрежата Омидјар ивестираше 1.2 милиони долари во работата на Global Voices. Омидјар е филантропска фондација, креирана од основачот на eBay, Пјер Омидјар и неговата жена Пам, со цел да се подобрат животите на луѓето преку „спрегнување на моќта на пазарите“. Омидјар досега има поддржано неколку...
Јапонија: Сакамото Риома, херојот
Уверен, харизматичен и секогаш привлечен, Сакамото Риома, отсекогаш бил една од омилените јапонски историски личности. Откако во Јануари годинава радиотелевизискиот канал NHK започна да ја емитува историската драматична серија „Легендата за Риома“, во земјата избувна национална Риома-манија.