Значајни статии од јануари 2013
Написи од јануари, 2013
Аргентина и Фолкландските Острови: 30 години по вооружениот конфликт
Триесет години по пристигнувањето на аргентинските трупи на Фолкландските Острови, на 2 април, 1982 година, Аргентина го памети почетокот на војната за суверенитет на Островите, во која загинаа 649 Аргентинци. Интернет страницата Voces Escritas (Пишани гласови) дава резиме на статистиката од војната: En total, fueron 649 argentinos los que dejaron la...
Загадувањето на воздухот во Бопал
Блогерот Багчиблог се осврнува на зголемувањето на загадувањето на воздухот во Бопал главниот град на индиската држава Мадја Прадеш. Влошувањето на квалитетот на воздухот првенствено е предизвикано од зголемување на бројот на автомобили и двоколки во градовите и руралните средини.
Една сиромашна жена и нејзините кучиња
Џабервок споделува неверојатна приказна за една стара жена која сака животни и живее во мала приправена колиба во Делхи. Таа со години се грижи за улични кучиња, користејќи го бедната заработка од собирање и продажба на ѓубре што може повторно да се искористи.
Франција: НВО ја осудуваат приватизацијата на содржини од јавен домен
Седум европски асоцијации за слободна култура објавија соопштение изразувајќи протест против јавно-приватното партнерство помеѓу Француската Национална Библиотека (БНФ) и компанијата за бази на податоци Проквест, чија цел е да дигитализираат голем број дела што се во јавен домен (со истечени авторски права) и да ги приватизираат со право на ексклузивна...
Паралели помеѓу верските војни и војните за авторски права
Рик Фалквинге, основачот на Пиратската Партија, нуди реинтерпретација на верските војни кои во текот на XVI и XVII век ја опустошиле Западна Европа, споредувајќи ги со современата борба за контрола на информациите преку несоодветни и агресивни закони поврзани со авторските права и слободата на изразување: Религиозните војни не биле за...
Македонија: Спортски новинар протестира поради малтретирање
Истакнатиот македонски спортски новинар Игор Филевски, кој работи како дописник од Шпанија, преку неговиот блог објави дека веќе нема да го покрива домашниот спорт во знак на протест против молчењето на неговите колеги и надлежните институции. Тие настојчиво го игнорираат малтретирањето кое тој го поднесува заради известувањето за проблемите во...
Македонија: Граѓани бараат од државната информативна агенција да запре со манипулациите
Преку новата иницијатива против медиумски манипулации на МИА, односно државната Македонска информативна агенција, активисти ги поттикнуваат граѓаните да го изразат своето незадоволство преку е-пошта до агенцијата. Според блогот, акцијата ја предизвикал последниот пример за бесрамен спин (mk, en) кога дописникот на МИА ја извртел изјавата на американскиот дипломат Филип Рикер...
Кина: Кариерата на владин пропагандист прекината поради вирален дневник на љубовница
Уште еден секс-скандал, разоткриен преку интернет од љубовницата на Ји Јунгинг, висок функционер задолжен за пропаганда, довел до оставка на Ји. Целата сторија (на англиски) ја пренесува блогот Министерство за тофу.
Онлајн алатки за луѓето со хендикеп во Босна и Херцеговина
Гласовите од Евроазија на УНДП ги опишува (на англиски) новите алатки базирани на веб наменети за промовирање на правата на лицата со хендикеп во Босна и Херцеговина:
Традиционална хуцулска прослава на Богојавление во Украина
Фотографот Максим Баландјук објави фоторепортажа (на украински) од традиционалната хуцулска прослава на Водици (верски празник за комеморација на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, на украински наречен Водохрешча) во селото Криворивња во планините Карпати во Западна Украина.